1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Макрон ѝ се закани на Сирија со воздушни напади

СН/ агенции
14 февруари 2018

Предупредувањата на францускиот претседател се сѐ погласни: Доколку режимот на Башар ал-Асад употреби хемиско оружје, Париз ќе реагира. Притоа Макрон на своја страна има една суперсила.

Paria, Emmanuel Macron
Фотографија: Getty Images/L.Marin

Претседателот на Франција Емануел Макрон се закани дека ќе бомбардира цели во Сирија доколку владините сили користат хемиско оружје против цивили, пренесе новиската агенција Франс Прес.

Меѓутоа, тој рече дека сѐ уште не видел цврсти докази за тоа, но оти тоа е „црвената линија“. „Јас и на рускиот претседател Путин му реков дека хемиското оружје е црвената линија. Ако имаме докази оти користеле хемиско оружје и ги кршеле меѓународните прописи ние ќе го бомбардираме местото каде што се прават. Засега нашите служби сѐ уште не утврдиле, според меѓународните стандарди, дека тие тоа го користат против цивили“, појасни Макрон.

Повеќе на темата:

-Руско вето за истрагата за напади со хемиско оружје во Сирија

-САД му се заканија на Асад со одмазда во случај на нов напад со бојни отрови

-САД ја нападнаа Сирија, Русија бесна

Сириската влада негира, но некои организации кои ја следат ситуацијата во државата тврдат оти режимот на претседателот Башар ал-Асад во повеќе наврати употреби бојни отрови против цивили. Во последните недели хуманитарните организации од САД доставија наоди дека режимот на Асад користи хлор, кој легално го увезува, како боен отров против цивили во бунтовните провинции Гута и Идлиб.

Фотографија: Getty Images/S.Al-Doumy

Уште на почетокот на месецот од владини извори во Вашингтон беше објавено дека САД ја држат отворена можноста за воен напад, доколку сириската влада повторно употреби хемиско оружје. Претседателот Доналд Трамп не исклучува ниту една опција, беше објавено тогаш. Во минатата година САД бомбардираа една воздухопловна база на сириските сили откако градот Чан Шеичун, кој беше под контрола на бунтовниците, наводно беше нападнат со хемиско оружје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми