1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мал авион се урна во Албанија во обид за шверц на дрога

Александар Методијев/ап/бета/миа11 мај 2014

Албанската полиција синоќа уапси италијански пилот под сомнение за криумчарење дрога. Намерата на италијанскиот државјанин била откриена дури откако неговиот мал авион се урнал на 80 километри од Тирана.

Албанската полиција доцна синоќа го уапсила Италијанецот под сомнение дека се обидел да прокриумчари дрога. Министерството за внатрешни работи на Албанија информираше дека на стотина метри од местото каде се урнал авионот на Италијанецот имало автомовил со 460 килограми канабис.

Авионот се урнал на јадранската плажа Дивјака на 80 километри југозападно од Тирана. Авионот од типот „Пајпер“ со оштетен пропелер и искината гума бил пронајден на плажата еден час по неговото полетување од аеродромот во Тирана.

Министерот Самир Тахири информираше дека полицијата уапсила и еден Албанец кој се обидел да побегне од автомобилот носејќи 27.000 евра со себе.

Албанија е земја во која се одгледува канабис, но исто така служи како транзитно место за дрогата која доаѓа од Азија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми