Мал, но значаен чекор за признавањето на МПЦ
11 септември 2007Мал, но значаен чекор за признавањето на Mакедонската православна црква - вака поглаварот Господин Господин Стефан го коментира учеството на МПЦ на Европскиот екуменски собор што се одржа во романскиот град Сибиу.
Добро е да бидеме таму каде што се сите, вели архиепископот на МПЦ за црковниот собор замислен како средба на западот и истокот. „Тоа е добро за Македонската црква, бидејќи ни треба и искуство, ни требаат контакти, ни треба дружење со тие луѓе и секако она што е актуелно меѓу сите цркви меѓу сите христијански цркви треба да го знае Македонската православна црква, а и да им каже што е ново, што се случува, како живее Македонската православна црква. И сметам дека присуството на овогодишната конференција во Романија е добро за Македонската православна црква.“
Македонската црква во Романија ја претставуваше двочлена делегација. Нивното учество според познавачите на овдешните црковни случувања го излобирало Европската комисија и покрај противењето на Српската и на Грчката црква. Тоа покажува дека освен за овие две кои не ја признаваат, МПЦ е реалност за остантите христијански цркви велат аналитичарите.
Поглаварот вели дека годинешниов сецрковен собор под мотото „Христовата вера не осветлува сите“ надеж за обединување на Европа не е прв на кој учествува и Македонската црква.„На таква конференција учествувал тогаш како професор блажино покојниот архиепископ Михаил на конференцијата во Најроби, потоа и професорот Таковски учествувал на конференцијата во Шанбези а оваа година беше поканет професорот д-р Ѓоко Ѓорѓевски и учествуваше на конференцијата организирана од светскиот сојуз на црквите.“
Македонската црква почна силна црковна дипломатија за да си обезбеди рамноправна позиција во православието. Признавањето го кочат Српската и Грчката црква кои и бараат промена на името за на МПЦ да и биде призната автокефалноста. Посредништво во спорот најавија романската и руската црква а МПЦ испрати делегација да лобира и во Цариград кај Вселенскиот патријах Вртоломеј.