1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мамберти: Македонија има поддршка од Ватикан за членство во ЕУ

2 јули 2007

*

Македонија има поддршка од Ватикан за членство во ЕУ, изјави во Скопје секретарот на Светата столица за односи со државите, надбискупот Доменик Мамберти. По средбите со претставници на државниот врв, тој додаде дека ја поддржуваат земјата во реформите како и дека очекува легислативата поврзана со религиозните слободи наскоро да биде усогласена со европското законодавство. Ватикан го поддржува дијалогот за решавање на спорот меѓу српската и македонската православна црква. На средбата со македонскиот министер за надворешни Милошоски, станало збор и за можноста Папата Бенедик 16 да ја посети Македонија и регионот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми