МАНУ ја повлекува Енциклопедијата
1 октомври 2009МАНУ ќе ја запре натамошната дистрибуција на „Македонската енциклопедија“ и во најкус рок ќе ги коригира оспорените одредници во двотомната публикација: Албанско-македонските врски и односи, Албанците во Македонија, Али Ахмети, Агресијата врз Македонија, ОНА и Гонџа Агнеза Бојаџиу.
Ова е главен заклучок на Претседателството на Академијата по неколкучасовниот состанок во средата (30.09.09).
Претседателството на МАНУ ќе свика вонредно собрание на Академијата, на кое ќе се расправа за реакциите, критичките забелешки и сугестии во однос на Енциклопедијата, за работата на Главната редакција и за наредните чекори кои ќе ги преземе во реализацијата на овој научен проект.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја поздрави најавата на МАНУ за повлекување и корекција на неодамна подготвената „Македонска енциклопедија“ и ги повика сите граѓани да ја покажат на дело традицијата на соживот, почит и толеранција.
Автор: АТ/миа
Редактор: Жана Ацеска