Мариупол: драматичен апел, нов ултиматум, прекин на огнот..
СН/агенции
20 април 2022
Командантот на преостанатите украински маринци во Мариупол побара евакуација во трета земја. Денеска според најавите треба да има уште еден прекин на огнот во пристанишниот град.
Реклама
Во драматичен апел, украинскиот командант на преостанатите маринци во силно завојуваниот град Мариупол побара евакуација во трета земја. Сергеј Волина,порача дека неговите сили се соочени „со своите последни денови, ако не и часови“ и апелираше да им се овозможи повлекување од опколената фабрика Азовстал.
Командантот на украинската 36 специјална бригада, чии припадници се наоѓаат во опколената фабрика, наведе оти руските сили се значително надмоќни и им упати на светските лидери повик за помош.
„Веројатно ова се нашите последни денови, ако не и часови. Непријателот е бројно поголем, десетпати се побројни. Апелираме и ги молиме сите светски лидери да ни помогнат. Бараме од нив да организираат извлекување и да не одведат на територија на трета држава“, рече Волина.
„Ние држиме само еден објект, фабриката Азовстал, каде покрај војската има и цивили кои се жртви на оваа војна“, нагласи командант на украинските маринци кои се борат во последното упориште во Мариупол.
Нов рок за Мариупол
Во меѓувреме, Москва објави нов ултиматум за последните украински бранители во челичарницата Азовстал.
„Руските вооружени сили, водени исклучиво на хуманитарните начела, повторно предлагаат борците на нацоналистичките батаљони и странски платеници запрат со воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана. Ниту еден украински војник не ја прифати оваа понуда во вторникот, стои во соопштението на Министерството.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Во објава на Телеграм, Градскиот совет на Мариупол напиша дека покрај бројноста на руските трупи во градот, сѐ уште не успеале да го заземат Мариупол, па „сакаат да ја срамнат“ челичарницата. Натаму, се наведува дека Русија не ја одвратил ни фактот оти во комплексот се кријат и цивили.
Нова шанса за хуманитарен коридор?
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека ситуацијата и натаму е тешка и без никакви промени, а судбината на дестици илјади цивили останува неизвесна.
Заменичката на украинскиот премиер, Ирина Верешчук денеска пак соопшти дека е постигнат прелиминарен договор со Русија за прекин на огнот и за воспоставување на хуманитарен коридор со кој би се евакуирале жени, деца и постари лица од Мариупол.
„Имајќи ја во предвид катастрофалната ситуација во Мариупол, тоа ќе биде во фокусот на нашите денешни активности“, напиша таа на Твитер.
Мариупол не се предава
02:27
Верешчук наведе оти обидот за евакуација ќе започне напладне по средноевропско време и предупреди дека „поради многу тешката безбедносна ситуација“ би можело да дојде до измена на оваа акција.
Претходните обиди да се постигне договор за хуманитарен коридор за цивилите пропадна на 5 април. Оттогаш немаше успех во обидите да се воспостават безбедносни коридори, за што завојуваните страни се обвинуваат меѓусебно.