1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата нема да се меша во малцинските права во Бугарија

ДТЗ
17 јануари 2022

„Не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија“, вели Маричиќ.

Nord-Mazedonien - Justizminister, Bojan Maricik
Фотографија: Justizministerium/Nord-Mazedonien

Северна Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на соседните земји. Изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ова е пораката на државниот врв во однос на прашањето околу малцинските права, кое што се отвори повторно во пресрет на утрешната посета (18.01.2022) на бугарскиот државен врв во Скопје. 

„Не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија“, вели новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Тој на прес-конференцијата со германската министерка за Европа, Ана Лирман, рече дека останува праксата на немешање во внатрешните работи на други држави, што е уставна обврска. 

„Секоја група луѓе или етничка заедница или политичка партија или здружение има право да си ги бара своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права. Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот, во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане“, рече Маричиќ.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во интервју за БТВ рече дека ниту тој, ниту други претставници на владата не разговарале со претставници на Амбасадата на САД во Бугарија за признавање на македонско малцинство во земјата. „Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува“, рече Петков.

И новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски, по средбата со претседателот, Стево Пендаровски, запрашан за малцинските права, го повтори ставот на Владата нема да се меша во внатрешните прашања на соседите.

Димитар Ковачевски го повтори ставот на Владата нема да се меша во внатрешните прашања на соседите.Фотографија: Robert Atanasovski/AFP/Getty Images

„Ние имаме различно уредување од Бугарија. Колективните права кај нив се обезбедуваат поединечно, кај нас со оглед на мултиетничкиот карактер на нашата држава, колективните права се остваруваат колективно и почитувајќи ги сите меѓународни договори, сите граѓани можат своите права да ги остваруваат во рамки на Судот за човекови права во Стразбур“, рече Ковачевски.

-повеќе на темата: Лирман: Спорот со Бугарија мора билатерално да се реши

Тој најави дека евроинтегративниот процес, справувањето со енергетската и здравствената криза и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните ќе бидат фокусот на новата Влада. Тој најави дека на утрешната средба со бугарски колега Кирил Петков, ќе се разговара за проекти кои значат подобар живот за граѓаните на двете држави.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми