1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мартин Шулц- вечниот оптимист

Нина Веркхојзер
23 септември 2017

„Јас ќе станам канцелар“, изјави кандидатот на СПД за канцелар, Мартин Шулц. Дали тој може да го постигне тоа? Во анкетите Меркел и ЦДУ убедливо водат. Кој е човекот кој ја предизвикува канцеларката?

ARD-Wahlarena mit Kanzlerkandidat Martin Schulz
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

Изборната 2017 година започна за Мартин Шулц со висок старт: откако шефот на СПД Зигмар Габриел изненадувачки се откажа, Шулц стана кандидат за канцелар на Социјалдемократите, и на „старата тетка СПД" ѝ даде вистинска адреналинска инјекција. Бројките во анкетите почнаа да се качуваат и „заспаната“ СПД одеднаш се врати во тренд. Според аналитичарите тоа се должеше на фактот што европолитичарот Шулц „не беше употребен" на домашната политичка цена поради што побуди надеж за промени. „Шулц-ефектот" предизвика нервоза и кај ЦДУ.

Каква кариера има човекот кој и даде нов ветар на СПД? Неговата политичка кариера, овој 61 годишен социјалдемократ не ја започнал во германската политика, туку во Европскиот парламент во Стразбур. Во 2012 е избран за претседател на парламентот – позиција која му легна и која вистински ја сакаше. Шулц само неволно го прифати тоа дека, по јануари 2017 година, не може да преговара за понатамошно продолжување на неговиот мандат. Така тој се насочи кон Берлин, каде што СПД се прегрупираше - исто така поради извесниот избор на министерот за надворешни работи, Франк-Волтер Штајнмаер за претседател.

Со сто проценти на врвот


Иако Шулц не беше избран за министер за надворешни работи - оваа функција на крајот ја презеде Зигмар Габриел, но затоа ја доби кандидатурата за канцелар и нов шеф на СПД. Раководството на партијата му ја довери улогата да ја предизвика Ангела Меркел. Конечно, Шулц не беше член на заедничката влада на СПД и ЦДУ / ЦСУ.

И партиската база беше воодушевена: на вонредниот партиски конгрес Шулц беше избран за нов претседател на партијата со сто проценти поддршка. За кратко време Шулц стана носител на надеж во една несигурна партија. Не само неговите посветени говори, туку и неговата способност да им се обраќа на луѓето, беа многу мотивирачки. Ако во тој момент имаше директен избор за сојузен канцелар, Шулц би имал добри шанси да победи. Во анкетите од февруари и март, тој ја надмина Ангела Меркел како најпопуларен германски политичар.

Шулц на предизборен митинг во Саксонија АнхалтФотографија: Imago/S. Schellhorn





"Бев на дното"

Дека еден ден Мартин Шулц ќе стане претседател и кандидат за канцелар на својата партија, никогаш не му паднало на памет. Почетоците на професионалната кариера на Шулц, кој пораснал во малиот град Вирзелен, во близина на Ахен се сосема во друга насока: на 17-годишна возраст тој сакал да стане професионален фудбалер и да заврши со средно образование. Но, поради тешка повреда, морал да прекине со омилениот спорт и почнал да пие. На крајот завршил како алкохоличар без работа на дното, но му помогнале братот и пријателите од партијата: „Бев на дното", раскажува Шулц за тоа време.

Откако излегува од оваа криза тој отвора книжарница во Вирзелен. „Читањето е мојот животен лек", вели Шулц кој во меѓувреме е оженет и е татко на две деца. Радо ја препорачува книгата на еден голем германски историчар за распадот на Вајмарската република. Од неа може да се научи дека нападите врз демократијата треба да се одвратат што е можно порано.

Најмладиот градоначалник во Северна Рајна Вестфалија




Како што вели, книжарницата навистина му недостасува. Ја продал кога ја започнал политичката кариера: со само 31 година тој стана градоначалник на Вирзелен, а во 1994 година беше избран за пратеник во Европскиот парламент, каде во 2012 година беше избран и за негов претседател. Истата година, заедно со првите луѓе на Европската Комисија и Советот на ЕУ, во Осло ја зема Нобеловата награда за мир која и беше доделена на ЕУ. Во 2015 година ја доби реномираната Карловата награда на Ахен.

Главен предизвикувач на канцеларката Ангела МеркелФотографија: picture-alliance/R. Goldmann

Неговото познавање на европската политика му помогна на Шулц при преселбата во Берлин. Тој го нагласи неговото разбирање за загриженоста и потребите на „малите луѓе", но неговиот внатрешно политички профил подолго време останува нејасен. Шулц застапува сѐ „освен содржина", велеа критичарите на почетокот на годинава. Подоцна тој претстави програма, во која меѓу другото е превдидена инвестиција во образовниот систем од повеќе милијарди евра.

Каде остана Шулц-ефектот?

Тестот за тоа колку силно ќе ја повлече СПД нејзиниот врвен кандидат, беше на покраинските избори – но претрпеа повеќе удари: во Сар, СПД ја изгуби шансата да се промени власта иако надежта беше голема, во Шлезвих-Холштајн и важната држава Северна Рајна-Вестфалија СПД ги загуби премиерските места. Сепак надежта на Шулц дека ќе има добри изборни резултати при изборот за канцелар не се намалува.

Во меѓувреме, анкетите покажуваат дека поддршката за СПД повторно паднала на ниво од пролетоска, односно малку над 20 проценти. Мартин Шулц не се откажува. Тој продолжува да напаѓа и, во меѓувреме, и тоа директно кон Меркел: таа е „повлечена" и „занесена". Многу гласачи, вели социјалдемократот, сé уште се неопределени - и тој ќе се бори до последно за нивните гласови.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми