1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марти Ахтисари ги повика албанците на Косово да преземат итни мерки за заштита на српското население

8 март 2006

Ахтисари во Вашингтон зад затворени врати го информираше советот за безбедност за досегашниот тек на процесите во покраината, чиј статус според него ќе биде решен по преговорите за конкретни и практични прашања

Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: AP

Косовските власти мора веднаш да стартуваат со напредокот во однос на заштитата на правата на малцинствата доколку сакаат преговорите за статусот да се одвиваат без потешкотии, изјави преставникот на ОН во седиштето на светската организација каде го презентираше досега постигнатото во процесот. Марти Ахтисари истовремено го повтори апелот до косовските срби за учество во работењето во институциите и политичкиот живот во покраината. „Тоа исто така е многу важна порака која постојано им ја упатуваме„ рече Ахтисари.

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН пред членовите на советот за безбедност ги сумирал резултатите од досега постигнатото. Портпаролот Хуа Џијанг изјави дека тој изразил задоволство од првата рунда преговори меѓу преставниците на Белград и Приштина, која се одржа во Виена.

Членовите на советот за безбедност во целост го поддржале ставот на Ахтисари и испратиле порака дека ќе продолжат да го поддржуваат процесот за дефинирање на статусот на покраината.

Инаку во подготовките за преговорите за конечниот статус на Косово, ОН утврдија серија стандарди: за човекови права, демократските институции, етничка толеранција и почитување на правото, како услов за промена на статусот вклучувајќи и можна независност.

Ахтисари во рамки на престојот во САД денеска во Вашингтон ќе разговара со високи американски преставници. Неговиот портпарол потврди дека следната рунда преговори меѓу пресатвниците на Белград и Приштна ќе се одржи на 17 март во Виена.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми