1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Рамноправност

Сексуалните работници бараат итна декриминализација

ДТЗ
17 декември 2021

По повод 17 декември, Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, во Скопје се одржа марш.

Nord-Mazedonien Skopje | Мarsch der Sexarbeiterinnen
Фотографија: P. Stojanovski/DW

По повод 17 декември, Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, по 14-ти пат во Скопје се одржа марш на црвените чадори. Маршот започна од улицата „Македонија“, а учесниците кои носеа транспарент со натпис „Декриминализација, кога?“, побараа итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа во земјата и признавање на човековите и работничките права.

Со декриминализација ќе се ограничи полициската злоупотреба и насилство на сексуалните работнициФотографија: P. Stojanovski/DW

„Бараме декриминализација на сексуалната работа, затоа што тоа значи почитување на човековите права и достоинство и затоа што помага за заштита од насилство и злоупотреба“, порачаа сексуалните работници. Со декриминализација, според нив, ќе се ограничи полициската злоупотреба и насилство, ќе се подобри пристапот до здравствени услуги, ќе се намалува ризикот од ХИВ и сексуално преносливи инфекции и ќе се унапредат безбедните работни услови.

Во Северна Македонија има околу 200 сексуални работнициФотографија: P. Stojanovski/DW

Маршот го организираше Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“. Според податоците на невладините организации, во Северна Македонија има околу 200 сексуални работници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми