1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Масакр во основно училиште во САД, 15 жртви

БГ /АП
25 мај 2022

Момче на возраст од 18 години отвори оган врз ученици во основно училиште во Тексас, САД убивајќи 14 деца и еден наставник. Атентаторот е исто така убиен

USA Texas | Tote nach Schüssen an der Robb Elementary School in Uvalde
Фотографија: Marco Bello/REUTERS

Во најкрвавиот напад врз американско основно училиште во последната деценија животите ги загубија 15 лица, претежно деца. Атентаторот влегол во основното училиште во Увалде, Тексас со пиштол, а веројатно и пушка и отворил оган. Се уште не е познат мотивот за нападот, но се знае дека напаѓачот бил жител на населбата. Напаѓачот најверојатно бил убиен од полицајците кои дошле на местото на нападот, но деталите од трагедијата се уште се истражуваат.

Фотографија: William Luther/The San Antonio Express-News/AP/picture alliance

Тоа е најсмртоносниот напад во училиште во историјата на сојузната држава Тексас, и се случува четири години откако атентатор уби 10 ученици во средно училиште во Санта Фе.

„Тој пукал и убивал, страшно, несфатливо, 14 ученици и еден наставник“, изјави гувернерот на Тексас, додавајќи дека во престрелките биле застрелани и двајца полицајци но се очекува тие да преживеат.  

Фотографија: Dario Lopez-Mills/AP/picture alliance

Се уште не се знае точната бројка на повредени и ранети во нападот, но надлежните велат дека се работи за „неколкумина“. Не се знае на која возраст биле убиените ученици. 

Нападот врз училиштето во Тексас се случува две недели откако атентатор отвори оган врз луѓе во супермаркет во Бафало, Њујорк, убивајќи 10 муштерии и работници во објектот. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми