1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Маските доаѓаат

Сабине Кинкарц | Кејт Брејди | Ребека Штауденмајер
27 април 2020

Носењето маски од неделава станува задолжително во сите германски покраини. Иако заштитни маски недостасуваат ширум земјата, сепак граѓаните се обврзани во јавниот превоз и во продавниците да ги покријат устата и носот.

Deutschland Leipzig Coronavirus - Bundeswehr bringt Schutzmasken
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt

Најголемиот транспортен авион во светот Антонов-225 слета на аеродромот Лајпциг-Хале о товар од преку 10 милиони заштитни маски од Кина. Тоа беше првиот од вкупно трите планирани транспортни лета со кои во Германија треба да пристигнат вкупно 25 милиони заштитни маски . Транспортот е дел од напорите да се направи пандемијата на коронавирусот„поподнослива“ за луѓето во Германија, со оглед на недостатокот на заштитни маски во целата земја. Од Лајпциг, маските се дистрибуираат до 16-те сојузни покраина во кои регионалните министри за здравство одлучуваат во кои региони тие се најитно потребни.

Првиот лет на Антонов-225 симболично се совпадна со почетокот на неделата во која во цела Германија во сила стапуваат новите прописи, кои ги обрзуваат граѓаните  да ги покријат носот и устата додека патуваат во јавен превоз или додека пазаруваат.

Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

Секоја од 16-те покраини во Германија, кои имаат право да донесат свои одлуки во рамки на германскиот федерален систем, изработи свои правила - со оглед на тоа и правилата се малку различни во зависност од регионот. ДВ направи преглед на новите прописи:

Каде е потребно да се носи маска за лице?

Општо земено, повеќето држави сега бараат од жителите да носат маски за лице или прекривки додека се во продавница, супермаркет и во трговски центри, како и во локалниот јавен превоз. Берлин е единствената покраина каде што маските не се задолжителни во продавниците и супермаркетите, туку се „строго препорачани“.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Почна задолжителното носење маски во Германија

-Германија: Носење маски - обврска во сите покраини

-Коронавирус: Парадокс со заштитните маски

Во јавнен превоз, во јужните покраини Баварија и Баден-Виртемберг, западната покраина Северна Рајна Вестфалија (НРВ), како и во Берлин, исто така, се бара од жителите да носат маски на автобуските постојки, железничките платформи и во метро станиците. Во НРВ, маските се задолжителни и при посета на лекарски ординации и при подигање храна за носење од ресторани. Хесен и Рајнланд-Фалц експлицитно бараат да се носат маски во сите банки и пошти.

Кој треба да носи маска?

Во повеќето германски држави, секој над 6-годишна возраст мора да носи маска или да ги прекрие устата и носот каде што е одредено. Во источната покраина Саксонија-Анхалт, децата постари од 2 години треба да носат маски во продавниците и во јавен превоз. Постојат исклучоци за лицата со сериозни инвалидитети, како и за лицата со респираторни заболувања, како што е астма.

Што се смета за маска за лице?

Сите 16 германски покраини ги повикуваат жителите да носат „заштита за уста и нос“ - терминот намерно има широко значење, така што луѓето кои не биле во можност да купат или да сошијат маски, сепак да можат да најдат решение и да можат да одат во продавница. Поедноставни верзии, исто така, ќе бидат дозволени. Користењето марама, кујнска крпа или друг вид поцврста ткаенина од памук се, исто така, прифатливи алтернативи. Најважно е устата и носот да се правилно покриени.

Какви се казните?

Казните за кршење на новите регулативи за маски се движат од строги предупредувања до потенцијално сериозни казни. Повеќето држави, меѓутоа, засега се воздржуваат од пишување казни - со надеж дека нивните жители ќе се придржуваат кон правилата. Меѓутоа, многу покраини предупредуваат дека доколку не се почитуваат правилата, би можело да се има и построги казни.

Како се снаоѓаат луѓето?

Во малата западна покраина Сарланд, жителите ќе добијат „стартер пакети“ кои содржат по пет маски. Локалните општински власти ќе бидат одговорни за нивно распределување. За остатокот од Германија, покраинските влади немаат планови да им обезбедат на жителите маски за лице. Наместо тоа, тие ги охрабрија граѓаните да најдат едноставни решенија со ткаенини од дома или да носат марами додека се во јавниот превоз или одат во продавница. 

Сабине Кинкарц новинарка на ДВ
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми