1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Маските ќе „паднат“, но не секаде

ДТЗ
6 април 2022

Маските и понатаму остануваат задолжителни за влез во болниците, аптеките, домовите за стари лица, јавниот превоз и такси возилата.

Nord-Mazedonien | Kontrolle der digitalen Covid-Zertifikate
Фотографија: P. Stojanovski/DW

Само ден откако Министерството за здравство информираше дека нема нови случаи на починати од Ковид-19, Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките за заштита од ковид. Тие дадоа препорака за укинување на одлуката за задолжително носење на заштитни маски, но не секаде.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, на прес-конференција рече дека маските и понатаму остануваат задолжителни за влез во здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз, но и во такси возилата.

И покрај тоа што се предлага олабавување на мерките, здравствените работници апелираат до граѓаните на внимателност, со оглед на тоа дека вирусот се уште е присутен. Иако маските нема да бидат задолжителни, сепак се препорачува да ги носат повозрасните лица и оние со хронични заболувања. 

Втората мерка која ја предлагаат се однесува на следење на контакти. „Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и изолацијата на контактите. Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките“, велат од Комисијата.

Мерките ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб, по што треба да бидат усвоени на Влада.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми