1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масовен собир на Севернокорејците против Америка

ЕМФ
24 септември 2017

Десетици илјади Севернокорејци во Пјонгјнаг протестираа против САД. Вакви масовни собири во Северна Кореја не се невообичаени.

Nordkorea Pjöngjang Demonstration gegen USA
Фотографија: Reuters/KNCA

Севернокорејската државна телевизија КРТ денеска дистрибуираше снимки од антиамериканскиот протестен собир кој вчера се одржал во Пјонгјанг. На плоштадот Ким Ил Сунг се собраа над 100.000 луѓе, јави државната агенција КЦНА. На насобраните им се обратија повеќемина говорници. Сите партиски членови и граѓани на Пјонгјанг се решени „целосно да ги истребат од земјата американските империјалисти“, рече заменик претседателот на Градскиот комитет на владејачката Работничка партија, Чеј Хак Чул.

Антиамерикански собир во Пјонгјанг

00:50

This browser does not support the video element.

Масовни собири од ваков тип не се невообичаени во Северна Кореја. На тој начин се изразува поддршка на граѓаните за политиката на комунистичката влада. Во изјавата која беше емитувана во петокот, а потоа уште еднаш беше прочитана на собирот во Пјонгјанг, властодржецот Ким Јонг Ун го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „духовно болен“ и човек „со деменција“ и му се закани со „оган“. Ваквите зборови на Ким доаѓаат по воинствените тонови на Трамп и заканите за „целосно уништување“ на Северна Кореја. Трамп на генералното собрание на ОН во Њујорк нагласи дека нуклеарната програма на Северна Кореја е закана за цел свет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми