1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масовна евакуација во САД

27 август 2011

Ураганот „Ајрин“ се‘ уште не беше стигнат до САД, а веќе беше историски - никогаш порано толку многу луѓе не биле повикани да ги напуштат своите домови. Вонредна состојба е прогласена во седум сојузни држави.

Фотографија: dapd

„Не чекајте и не се колебајте“ - апелираше американскиот претседател Барак Обама до 65-те милиони Американци кои живеат меѓу сојузните држави Северна Каролина и Нова Англија, на околу илјада километри долгиот источен брег, којшто ќе биде погоден од ураганот „Ајрин“.

Фотографија: AP

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг нареди евакуација на над 300.000 жители на јужниот крај на Менхетен и на Кони Ајленд. Евакуирани се и пациентите во две болници за коишто се претпоставува дека ќе бидат зафатени од поплави. „Ваква принудна евакуација досега не се случила“, нагласи Блумберг. Граѓаните не треба да се залажат од мирот пред бурата. „Њујоршката градска управа не би наредила евакуација, ако не е убедена во потенцијалната опасност на ’Ајрин’“, изјави Блумберг.

Првпат во историјата денеска запира вкупниот железнички и автобуски сообраќај во Њујорк. И возовите кон Лонг Ајленд и кон северот на Њујорк не сообраќаат. Откажани се илјадници летови во наредните неколку дена. Вонредна состојба е прогласена во седум сојузни држави, а подготвени за инетрвенирање се околу 100.000 членови на Националната гарда. На располагање се ставени и 18 воени хеликоптери за евентуални акции за спасување на североистокот на САД.

Никој не може да предвиди колкава брзина ќе има ураганот. Силата на „Ајрин“ вчера беше малку намалена, но во внатрешноста на ураганот, сепак, и натаму се мери брзина од околу 160 километри на час.

 Автор: Ралф Зина / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми