1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија „апсолутно подготвена да помогне“

14 јуни 2018

Отворена поддршка од официјален Берлин за Македонија. Хајко Мас потврди дека ќе лобира кај Франција за одредување датум за почеток на преговори и дека Македонија нема да зависи од Албанија.

Treffen des mazedonischen Aussenministers Nikola Dimitrov mit seinem Kollegen Heiko Maas
Фотографија: DW/P. Kouparanis

Германија активно ќе лобира во Франција и Холандија и други земји-членки на ЕУ за Македонија да добие датум за почеток на преговори на крајот на јуни годинава, најави шефот на германската дипломатија Хајко Мас по средбата со својот македонски колега Никола Димитров во Берлин.

„Апсолутно сме подготвени да помогнеме. Денеска телефонски разговарав со мојот холандски колега, а следната недела ќе се одржат германско-француските владини консултации. Но и ние и досега имавме разговори со француските колеги. Знаеме дека таму има задршки", рече Мас, но изрази надеж дека таквиот став ќе се промени.

Повеќе:

-Берлин лобира за датум за почеток на ЕУ преговори за Македонија

Хајко Мас: Скопје и Атина напишаа историја-

Она што е можеби најважно за Македонија во моментов е што Мас потврди оти добивањето на датум не мора да оди во пакет заедно со Албанија, за која има далеку поголеми задршки не само во Париз, туку и во Берлин.
Македонија не може да биде колатерална штета, доколку во ЕУ нема подготвеност да и се даде датум за почеток на преговори на Албанија, вели Мас. 

Фотографија: DW/B. Georgievski

„Не е тајна дека имаме разлики во мислењата за Македонија и Албанија. Германската дискусија кога станува збор за Албанија не е завршена. Но Македонија не може да биде колатерална штета во таа насока", рече Мас.

„Уверен сум дека позицијата на германската влада која е позитивна во однос на Mакедонија ќе биде прифатена и од Бундестагот, а сигурен сум дека и нашите пријатели во Франција и Холандија ќе го прифатат тоа".

Министерот Димитров се заблагодари за поддршката од Германија и рече дека е многу важно Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на овој месец за почеток на преговорите и да добие покана за членство во НАТО, бидејќи „само така компромисот кој го постигнавме ќе биде win/win за двете страни".

Фотографија: DW/B. Georgievski

Димитров потенцираше дека по решавањето на овој спор Македонија повеќе ќе нема ниту еден отворен проблем со своите соседи.

Димитров изрази увереност дека граѓаните мора да добијат шанса да се изјаснат за компромисот на референдум, и рече дека е уверен оти тие ќе го направат вистинскиот избор.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми