1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мас: Западниот Балкан е од големо значење

ЕМФ
12 април 2019

Министрите за надворешни работи на земјите кои се дел од Берлинскиот процес во Варшава разговараат за ситуацијата на младите луѓе на Западниот Балкан, посебно нивното учество на пазарот на труд.

Flaggen Westbalkan-Konferenz in Berlin 2014
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

На средбата во Полска се присутни шефовите на дипломатии на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот мниистер Никола Димитров, претставници на Европската комисија, Европскиот сервис за акција и Канцеларијата за регионална младинска соработка. На масата за разговори се билатерални прашања, поттик на младинската размена преку Канцеларијата за младинска соработка и подготовка на наредниот самит на Западен Балкан на ниво на шефови на држави или влади, кој исто така треба да се одржи во Полска на почетокот на мај.

Пред средбата во Варшава, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас оцени дека „Западниот Балкан е од големо значење“ за Германија. Помирувањето во регионот, според Мас, го попречуваат јазовите кои постојат во политиката и кои делумно сѐ уште го диктираат размислувањето, па со Берлинскиот процес, како што вели тој, „помагаме за надминување“ на тие јазови.

Хајко Мас ветува натамошна германска поддршка за Западен БалканФотографија: DW/M. Luy

„Се залагаме за зајакнување на врските меѓу луѓето и економските простори во регионот преку поголема поврзаност. Скопје и Атина покажаа: се исплати конфликтите да се решаваат прагматично и да се работи на доверба на соседите. Ние во тој дел и натаму ќе пружаме поддршка, затоа што напредокот долгорочно ќе се исплати - за регионот на Западен Балкан и за Европа“, уверен е Мас.

Повеќе:

Укинување на роамингот? Се вчитува...

Што е „Маршалов план“ за Западниот Балкан?

Претседателството со Берлинскиот процес оваа година го има Полска, која дефинираше четири приоритети: економијата, поврзаност, безбедност и цивилно општество (млади, тинк тенк организации, култура). Берлинскиот процес е заедничка иницијатива на 10 ЕУ-земји, 6 држави од Западниот Балкан и Европската комисија, која дава поддршка во процесот на евроинтеграции на западнобалканските земји, а придонесува и за интензивирање на регионалната соработка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми