1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мас: А сега да им помогнеме да се справат и со коронавирусот

БГ
24 март 2020

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и порача дека земјите од Западниот Балкан сега бараат поддршка и во корона-кризата.

Nord-Mazedonien Außenminister Maas in Skopje mit Zaev und Dimitrov
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Soeder

Европа остана на својот збор“, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во соопштение по одлуката на ЕУ да одобри почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Обете земји постигнаа многу во зајакнувањето на правосудниот систем и борбата против организираниот криминал и корупција. Со Преспанскиот договор и со договорот за добрососедство со Бугарија, Северна Македонија направи историски чекори за помирување во регионот“, оценува Мас. Германскиот министер оценува дека стабилни и демократски правни држави на Западниот Балкан се и во стратешки интерес на ЕУ и на Германија. Но, притоа ја потсетува ЕУ дека сега е моментот и за поинаква помош:
„Токму сега овие земји бараат поддршка и солидарност од ЕУ. Нивните ослабени здравствени системи тешко се справуваат со вирусот. Ние мораме оваа битка да ја водиме заеднички затоа што вирусот при пренесувањето не познава граници“, порачува Мас.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми