Материјали за иднината
17 мај 2014
Регионот Ерцгебирге беше познат по бројните текстилни фабрики, но по промените, најголем дел мораа да затворат. Само оние, кои се специјализираа, имаат шанса.
На германско-чешката граница, во планинскиот регион Цитауер, изгледа запуштено, но овде настануваат хај-тек текстилни производи. Останати се само само неколку претпријатија, како „Шпекон“. Пред промените од 1990-те години, овде работеле околу 2500 луѓе, во меѓувреме има само уште 25. Овде се шијат главно падобрани и униформи. Купувачи се војската или авијацијата. Со тоа претпријатието може да конкурира на азиските производители.
„Главно, ние во Германија остануваме поради квалитетот. Ние сме високоспецијализирани и само поради квалитет можеме да го задржиме овдешното место на производство. Ако одиме во странство, можеме да произведуваме повеќе парчиња и поевтино, но ќеимаме проблем со квалитетот“, вели Ања Алтвасер, која работи на развој на нови производи во „Шпекон“.
А квалиттеот го обезбедуваат научниците на 50 километри источно, во чешкиот град Либерец. На универзитетот професорите и нивните студенти развиваат нови текстилни материјали и ги патентираат, за фирмите како „Шпекон“ да можат да лиферуваат нови производи.
Материјалите треба да одговараат за посебни цели, на пример, да бидат огноотпорни и екстремно издржливи. Овде истражувачите со специјална камера испитуваат каков состав на материјалот одговара најдобро за спортска облека или воени униформи.
„Се обидуваме да откриеме колкав е комфорот при користењето на овој материјал. Сега почнуваме да работиме и за автомобилската индустрија, посебно за автомобилски седишта, ки сакаме да бидат што поудобни,“ објаснува Антонин Хавелка, професор по техника за облека и текстилни материјали.
Некои пронајдоци на студентите се патентирани и треба да бидат индустриски произведени. Овие докторанти се занимаваат со влијанието на човечката топлина врз материјалот. Овој на пример ќе се користи како моден детал. Маицата ја променува бојата при топлина. Некои пронајдоци се покорисни, на пример оваа облека за слепи.
„Слепите луѓе на својата маица можат да прочитаат какао да ја одржуваат облеката и да ја перат, со колкава температура да ја пеглаат и колкава е големината на маицата. Тука стои ознаказа бојата, се‘ што треба да знаат“, вели Зузана Хрубосова од универзитетот во Либерец.
Ова може да го произведува фирмата „Шпекон“. Но, засега таа останува на падобраните за Бундесвер. Претпријатието само што доби голема порачка. Дневно се испорачуваат до пет падобрани, зашто овде се проверува секој шев посебно.