Матис во Македонија за поддршка на референдумот
12 септември 2018Шефот на Пентагон изјави дека е загрижен оти Русија би можела да се обиде да се вмеша во исходот на референдумот, од чиј успех зависи членството на Македонија во НАТО.
„Демократиите треба да бидат оставени намира“, рече Матис.
„Доколку нивниот амбасадор сака нешто да изјави, тоа е едно. Но проблемите кои Русија ги создаде од Естонија до САД, од Украина и сега во Македонија, тоа е секогаш прилагодено на одредена ситуација и секогаш е надвор од сите правила“.
„Ќе отидам таму за да ставам многу јасно до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“.
Матис е највисокиот државен претставник на САД кој ќе дојде во Скопје во пресрет на референдумот. В четврток во земјата ќе престојува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел.
Прашањето за мешањето на Москва и обидите за уривање на Договорот од Преспа се актуелизираа откако Грција летово исфрли двајца руски дипломати од земјата. Македонскиот премиер Заев потоа тврдеше дека дел од протестите и насилствата во неговата земја против договорот со Грција биле спонзорирани од грчки бизнисмени со руски врски.