1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Матис: Референдумот е најважното гласање во вашата историја

ЕМФ /агенции
17 септември 2018

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска во Скопје порача дека претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на нацијата и ги повика граѓаните да го дадат својот глас.

Mazedonien Besuch US Verteidigungsminister James Mattis
Фотографија: Mazedonien Regierung

Поздравувајќи ги напорите на Македонија и Грција за постигнување на договорот од Преспа, кој би требало да „овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување кон НАТО и ЕУ“, американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска во Скопје изјави:

„Во аплаудирам за вашите науморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа со Грција. Свесни сме дека за тоа беше потребна трпелива дипломатија од двете страни и компромиси, кои секогаш се тешки.“

Матис им оддаде поддршка на сите што се залагаат за успешен исход на референдумот на 30 септември со што, како што рече, граѓаните на Македонија ќе направат уште еден голем историски чекор:

„Ви даваме поддршка“

00:30

This browser does not support the video element.

„За две недели граѓаните повторно ќе ја зграпчат демократската можност за одредување на иднината на земјата, да ги позајмам зборовите на канцеларката Меркел од нејзината неодамнешна посета... Ја разбираме комплексноста на политичкиот избор пред вас и ви даваме поддршка, наши македонски пријатели, во изразувањето на вашиот суверен глас и вашата демократска одговорност да гласате.“

Повеќе: Матис во Скопје: Поддршка за Македонија, порака за Русија

Матис во Скопје потсети на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека со приклучувањето кон НАТО Македонија ќе добие рамноправно место во најуспешната воена алијанса, заедно со 29 други држави членки. Нагласувајќи дека алијансата се залага за зачувување на територијалниот интегритет, на слободата и демократијата, Матис потенцираше: „Подготвени сме да ви посакаме добредојде како 30-та членка на НАТО.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми