1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Врие во здравството, матичните лекари на протест

ДТЗ
17 февруари 2022

Тие се незадоволни поради малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. 

Nord Mazedonien Corona Impfung ohne Termin in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Матичните лекариво Северна Македонија најавија протест. Незадоволни од низа проблеми со кои се соочуваат во секојдневното работење, тие велат дека утре ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош. За останатите „Мој термин“ нема да функционира. 

Тие се незадоволни поради неисполнетите барања коишто ги имаат, малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите. Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци. Кон протестот се приклучија и здруженија на приватните стоматолози

„Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“, се вели во повикот на матичните лекари за протест. 

Според нив, потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал. „Ако си заминат сестрите од малите места, нема да има тимови – ако нема тимови, нема амбуланти. Тоа е на штета на народот“, велат матичните лекари. 

Докторот Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен утре, а можно е и подолго и повика за поддршка од пациентите. 

„Состојбата е нож до коска, не претерувам! Одложете ја секоја неитна посета на вашиот матичен утре, а ако не бидеме послушани и не се изреагира веднаш, и за подолго. Ако не смениме нешто, ќе следи бран затворања ординации ниту една нова и за некоја година ќе нема кој да ве лекува... Нема веќе простор за молк и игнорирање“, порача тој во објава на Фејсбук. 

Според Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ), протестот е резултат на низа причини со кои се судруваат во работата, како на пример малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018 година. „Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите“, вели таа.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми