1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мајка со 64 години

Aceska, Zana4 декември 2007

Во германскиот град Ашенбург жена на 64 години роди дете, чудо на медицината, жената останала бремена со вештачко оплодување.Мајката и детето се чувствуваат извонредно.Но,во Германија се води дебата

Сопругот на 64-годишната мајка во разговор со новинаритеФотографија: picture-alliance/ dpa

Жената се породи со царски рез во приватна клиника во Ашафенбург.Нејзината бременост е резултат на вештачко оплодување со етнички спорното донирање јајцева клетка.По многубројни спонтани абортуси, на 64 годишната во странство и била извршена имплатација на јајцева клетка од млада жена на 25 години,претходно оплодена со спермата на нејзиниот маж, исто на возраст на 64 години.Постапка,која во Германија е забранета.

Директорот на клиниката каде се породи 64 годишната мајка,Михаел Халбах,се брани:

"Со тоа,така да се каже,до медицинскиот дел од настанот,ние немаме никаква врска.Го направивме она што лекарот мора да го направи,ја породивме жената.Тоа за среќа одеше без компликации,а за приказната што претходела,ние не сме одговорни."

Најстарата родилка во Германија и малата ќерка,која не мора да биде ниту во инкубатор,се чувствуваат извонредно,се очекува наскоро да ја напуштат болницата.

Повеќе етички дилеми

Но,во Германија се распламтe широка дебата.64 годишните мајка и татко,по потекло инаку од Турција,ја исполнија својата желба да имаат дете.Но што го чека него во животот?

„Одлуката на постариот пар за дете е егоистична,мора да се мисли на неговата иднина“,вели членот на Претседателството на германскот здружение за гинекологија,Клаус Дидрих.И министерката за здравство од германската покраина Баварија Криста Стивенс го критикуваше случајот.Не сакам да вршам морално вреднување,но природата нешто одредила,на одредена возраст човек да не може да добива деца,вели политичарката од Христијанско демократската унија.

Аргументи за и против

Кај обичните луѓе постојат поделени мислења.Некои критикуваат:

"Јас лично тоа не би го направила поради детето,глупаво е кога ќе оди во училиште,на родителските средби ќе седи мајката која е всушност баба."

Но,случајот може да се посматра од повеќе аспекти:

"Двострано,од една страна одлично,зашто таа долго години се трудела да има дете,а не и успевало,сега конечно ја има таа среќа,но од друга страна,мислам дека е престара."

Случајот има и позитивна димензија,сметаат други.На пример,родителите на детето ќе можат да му посветат поголемо внимание,бидејќи постојано ќе бидат со него,зашто се слободни,мајката е здрава,а искуствата со постари родители велат дека барем во првите години тие доживуваат втора младост:

"Ако мисли дека тоа ќе ја направи среќна и дека е важно за нејзиниот живот,тогаш можеби го направила вистинскиот чекор."



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми