Мајмун во Кина - наречен „крал на пророците“, кој успешно го прогнозираше и победникот во финалето на Европското фудбалско првенство во Франција доби можност да го претскаже и победникот на изборите во САД.
Реклама
Мајмунот Геда, кој живее во Еколошкиот туристички парк во Шијанху во Кина, облечен во жолта маица на која беше испишана неговата неофицијална титула- „крал на пророците“ доби можност да избира меѓу две картонски макети во вистинска големина на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп и на ривалката од Демократската партија Хилари Клинтон.
По кратко размислување мистичниот мајмун го избра Трамп. Без многу чекање тој дури и му ја честита „победата“ на картонскиот кандидат со бакнеж. Погледнете го видеото од „изборот“:
Хилари или Доналд? : мајмунот-„крал на пророците“ го претскажа победникот
00:17
Пет годишниот примат точно предвиде дека Португалија ќе го освои шампионскиот пехар на ЕУРО 2016 во Франција, два дена пред финалето во кое тимот предводен од Кристијано Роналдо славеше во финалето против фаворизираниот домаќин со 1:0.
Тогаш Геда требаше да избира меѓу знамињата на Португалија и Франција на кои беа закачени банани. Тој истотака по „кратко размислување“ се упати кон знамето на Португалија и ја изеде бананата закачена на него.
Мајмунот пророк е последен во серијата животни со наводни претскажувачки моќи, кои се појавија ширум светот откако октоподот Паул во Германија во 2010 година се стекна со светска слава успешно прогнозирајќи го победникот на секој натпревар кој го играше германската репрезентација на Мундијалот во Јужноафриканската Република, вклучително и победата на Шпанија во финалето против Холандија.
Погледнете ја галеријата за „колегите“ на Паул во животинското царство:
Од коала до опосум: фудбалски претскажувачи меѓу животните
Покрај новајлијата Оби-Оби и прочуениот октопод Паул, кој со неговите прогнози за Мундијалот во 2010 година стана ѕвезда, меѓу животинските претскажувачи, многу други животни се обидоа како фудбалски стручњаци.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt
Коалата Оби-Оби
Тој е новиот неофицијален претскажувач за натпреварите на германската репрезентација на ЕУРО 2016. Неговата прва прогноза дадена од Зоолошката градина во Лајпциг беше на 12 јуни за мечот Германија-Украина. Оби-Оби прогнозираше погрешно на нерешен резултат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Grubitzsch
Слоницата Зела
Таа веќе типуваше: слоницата Зела од Зоолошката градина во Штутгарт не даде добри прогнози за германската репрезентација. Според нејзиното претскажување, Германците ќе испаднат уште во првата рунда. Ако ѝ се верува на Зела, европски шампион ќе стане аутсајдерот - Северна Ирска.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Murat
Октоподот Паул
Тој не беше приот животниски претскажувач, но беше најуспешен. За Светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република тој точно го прогнозираше исходот на сите натпревари на германската репрезентација.
Фотографија: picture alliance/dpa/R. Weihrauch
Видрата Ферет
Видрата Ферет од животинскиот парк во Ауе пред полуфиналето на ЕУРО 2012 прогнозираше против Италија, односно за Германците. Екипата на Јоахим Лев тогаш сепак загуби со 1:2.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Слоницата Нели
Таа е полнокрвна фудбалерка: слоницата Нели од Серенгети паркот во германската покраина Долна Саксонија за Мундијалот во 2014 година типуваше во автентичен фудбалски манир.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Желката Моморио
Желката Моморио беше официјален претскажувач на утринскиот магазин на германската телевизија-АРД и уште пред првиот натпревар во групата за СП 2014-та ја препозна силата на германската репрезентација. Таа типуваше на победа против Португалија. Германија навистина победи со 4:0 и подоцна стана светски првак.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Пингвинот Роналд
И тој прогнозираше точно: Хумболд-пингвинот Роналд од животинскиот парк во Либенау во 2014 година се одлучи за германската фудбалска репрезентација.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Оклопникот Така
Животното оклопник беше официјална маскота на Мундијалот во Бразил. Оклопникот Така од Зоолошкиот парк во Ерфурт тука типува на вториот натпревар во групата Германија против Гана, кој заврши 2:2.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Октоподот Регина
Таа е вториот познат октопод-претскажувач. Регина од аквариумот во Берлин за првиот натпревар од групата на СП 2014 истотака типуваше на германската репрезентација. Прогнозите за наредните напревари против Гана и САД меѓутоа ѝ беа погрешни. Како нејзина наследничка за ова ЕП се смета октоподот Ана од аквариумот во Констанц.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Опосумката Хајди
И за други пригоди се бараат животни како претскажувачи. Таков пример е опосумката Хајди, која исто како коалата Оби-Оби живее во Зоолошката градина во Лајпциг. Хајди за кратко време стана интернет феномен и настапи дури и на американската телевизија. При доделувањето на Оскарите во 2011 таа ги предвиде победниците во некои од главните категории.