1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МВР не даде зелено светло за државјанствата  

ДТЗ /ДВ
9 јануари 2021

Албанските опозициски партии обвинуваат за дискриминација, Спасовски вели дека треба да се заштитат националните и државни интереси

Mazedonien Reisepass
Фотографија: DW

Предлог-законот за државјанство кој што го поднесоа албанските опозициски партии при крајот на минатата година, не наиде на поддршка во надлежните институции. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“. 

Спорен предлог

Со измените на Законот за државјанство што се разгледуваат во Собранието по скратена постапка на предлог на пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива, оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот. Додека измените поминуваат низ собраниските филтри, во јавноста се кршат копјата околу оправданоста на ваквиот предлог. Ставувањата се дали на ваков начин се отвара простор за злоупотреби околу делење државјанства на тацна, особено ако се покажат како точни калкулациите дека на тој начин до македонски документи би дошле 70.000 лица.

-повеќе на темата: Со тројца сведоци до македонско државјанство?

„Раководството на МВР има отворено процес, се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Р.С.Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси“,  е ставот на МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека врз основа на тој став се разработуваат можни варијанти на Закон за државјанство. Кога ќе бидат подготвени, ќе бидат доставени до Владата. Според Спасовски, носењето Закон за државјанство, односно негово предлагање, е исклучиво надлежност на МВР и не може да се очекува дека некој од надвор треба да даде законско решение. Во однос на предложениот законски текст за државјанство од страна на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Спасовски вели дека од тој „политички памфлет“ не може да сфати што сакаат предлагачите, кои не нудат трајно решение.

-повеќе на темата: МВР ќе „пресече“ за државјанствата 

„Нас ни треба трајно решение, заштита на државните и национални интереси и заштита на граѓаните кои се тука и треба да го добијат тоа државјанство, а од објективни причини не можеле да го добијат досега“, изјави министерот Спасовски, по примопредавањето опрема наменета за потребите на сообраќајна полиција.

Реакции

Реакции во јавноста предизвика и предлогот тој што ќе добие македонско државјанство „да владее најмалку еден од службените јазици во Северна Македонија, до тој степен да може лесно да се разбере со околината“. Во законот е предвидена можност за државјанство и за потомците на иселениците. Како што се наведува во измените, можноста за добивање државјанство со природување му се дава и на иселеник на кој со досегашната примена, заради условите во законот, ова право му беше ограничено на законски минимум и постоеше правна пречка за негово остварување и од тие причини ваквата можност му се дава и на потомокот на иселеникот од прво и второ колено откако ќе ги исполни законските критериуми.
Зијадин Села кој е еден од потпишаните предлагачи на измените, тврди дека единствената цел е рамноправност на граѓаните кои живеат во земјата.

-повеќе на темата: Крај на „распродажбата“ на ЕУ-државјанства?

Иницијаторите на измените тврдат дека законското решение се носи за лицата кои, и по триесет години од распадот на Југославија живеат без документи. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. „Голем дел од нив се апатриди, луѓе без државјанство и без татковина, а меѓународните конвенции велат дека не смее да се дозволи човек да нема државјанство, да нема документи со кои ќе ги остварува своите права и должности во земјата во која живее", тврдеше лидерот на Алтернатива и пратеник, Африм Гаши.

Обвинувања за дискриминација

Алијансата на Албанците реагираше на изјавата на министерот Оливер Спасовски, околу измените на Законот за законот за државјанство. Велат дека Спасовски „се обидува да ги убеди граѓаните дека е во право за нешто што не е во негова надлежност“, дека ниту барале, ниту ќе бараат мислење од него, бидејќи МВР нема право да дава мислење за законот. „Спасовски раководи со институција која ги дискриминира своите граѓани по етничка основа, лишувајќи ги од правото на државјанство“, велат од партијата. Тие бараат од Спасовски да го објави бројот на лица без државјанство. „Нека го објави бројот и да се откаже од тенденцијата за замаглување на јавноста со бескорисни писма и мислења, бидејќи немаме потреба за мислење од вас. Дебатата и сите постапки за предметниот закон се одвиваат во Собранието и во согласност со деловникот за работа на Собранието, велат од партијата.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми