Медведев го потпиша договорот за примирје
16 август 2008Двајцата мажи со грузиски имиња кои престојувале во Гори, веќе неколку денови се пријавени за исчезнати. Германската амбасада во Тбилиси добила информација дека тие најверојатно се киднапирани. Грабнувачите сеуште не поставиле никакви услови, а властите во Берлин ги проверуваат информациите.
Што се однесува до ситуацијата на теренот, примирјето во Грузија и натаму е кршливо. Руските трупи, според извори од Тбилиси и натаму се наоѓаат на грузиска територија. Војници и конвој од околу десет тенкови сеуште се стационирани на околу 40 километри од главниот град Тбилиси, рече денеска портпарол на грузиското министерство за внатрешни работи. Генералштабот од Москва возвраќа дека околу 2000 елтини грузиски војници, вратени од Ирак претставувале опасност.
Од политички аспект, рускиот претседател Дмитриј Медведев го исполни ветувањето кое му го даде на неговиот француски колега Саркози и го потпиша примирјето. Претхотно тоа го стори и претседателот на Грузија. Во меѓувреме на повидок е нов политчки конфликт со Украина. Руската војска меѓу конфискуваната муниција во Грузија, најде и оружје произведено во Украина. Наводно оружјето финаисрано од украинските даночни обврзници за малку пари е продадено на грузискиот претседател, кој е пријател со претседателот на Украина Јушченко. Освен ова портпарол на владата во Киев соопшти дека Украина би била подготвена, нејзиниот анти-ралкетен систем да го поврзе со некој западен одбранбен систем.