1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медведев и Ким Јонг Ил разговараа за нуклеарната програма

24 август 2011

Во воената база во источносибирскиот град Улан Уде, рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска (24.08) се сретна со севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ил.

Средба на Дмитри Медведев и Ким Јонг ИлФотографија: dapd

На средбата станало збор за обновување на шестпартитните преговори околу нуклеарната програма на Северна Кореја, за изградбата на руски гасовод, кој преку Северна Кореја води до Јужна Кореја, како и за хуманитарна и економска помош за комунистичката држава. Русија минатата недела најави дека на Северна Кореја ќе и‘ додели хуманитарна помош од 50.000 тони пченица. Првиот дел од таа помош веќе пристигна во Пјонгјанг, а останатиот дел ќе биде испорачан до крајот на септември.

Русија и Северна Кореја ги одржуваат меѓусебните односи, иако тие не се толку блиски како во времето на Советскиот сојуз, кога Москва пружаше значајна помош за Пјонгјанг.

Автор: ТТ/ АТ/ дв/ бета

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми