Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм.
Реклама
Не една, туку две посебни причини ќе имаат македонските вљубеници во филмот со нетрпение да го очекуваат годинешното 92. доделување на филмските награди- Оскар. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе биде во најтесната конкуренција за освојување на две од најпрестижните златни статуетки во филмската индустрија.
„Медена земја“, како што беше соопштено денеска, на 10 февруари во Долби театарот во Лос Анѓелес ќе биде во трката за најдобар документарен филм со уште четири кандидати: „Пештерата“, „Американска фабрика“, „За Сама“ и „Работ на демократијата“.
Македонскиот филм е номиниран и во категоријата најдобар меѓународен филм заедно со „ Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.
Освојувачот на наградата за најдобар документарен филм на фестивалот Санденс но и на повеќе од 40 други признанија со двојната номинација за Оскар испиша историја за македонскиот филм. Досега филмот „Пред дождот “ на Милчо Манчевски беше единствениот македонски филм некогаш номиниран за Оскарот во категоријата за најдобар странски филм во 1995 година. Номининација за наградата на Американската академија за филм, уметност и наука, но како југословенски кандидат, имаше и краткометражниот документарен филм на македонскиот режисер Столе Попов, „Дае“.
Досега меѓутоа остана само на номинации а сега „Медена земја“, која е примена одлично меѓу филмската критика и филмската индустрија особено во САД, има две шанси да ја освои златната статуетка.
Пејсажи како во филмовите
Филмовите често будат различни желби кај луѓето. Една од нив е да се стои на местото каде што некогаш глумеле познатите холивудски актери. Ви претставуваме 10 легендарни филмски локации.
Леонардо Ди Каприо го играше ликот на американскиот студент Ричард Фишер во филмот „Плажата“ кој трага по легендарната плажа на Тајланд. Филмот беше снимен во 2000 година во заливот Маја на архипелагот Ко Фи Фи, кој во 2004 година беше прогласен за национален парк. Секој ден, сѐ повеќе туристи пристигнуват во убавиот залив - бројот на посетителите е толку голем што станува проблем.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Utrecht
Аватар
3Д филмот на Џејмс Камерон снимен во 2009 година ја фасцинираше публиката со својот микс на виртуелни и реални светови. Приказната се одвива на месечината наречена Пандора која е слична на планетата Земја, а чиј изглед е базиран врз националниот парк и шума Жангжиажи во Кина. Со цел да се профитира од маркетингот на филмот еден од гребените беше именуван „Аватар алелуја маунтин“.
Фотографија: picture-alliance/ANN/G. Cadiz
Хари Потер
На фотографијата е прикажан возот „Хогвортс експрес“ со кој Хари Потер во истоимениот филм патува кон нови и возбудливи авантури. Но, и во реалниот живот, патувањето со возот Јакобит е подеднакво возбдуливо и интересно. Возот ги поврзува Форт Вилијам и рибарското село Малаг, а патувањето со него прави да се чувствувате како самите да одите во Хогвортс.
Фотографија: picture-alliance/StockPix/S. Lawson
Локален херој
Во 1999 година реномираниот Британски филмски институт го прогласи „Локален херој“ за најдобар филм на сите времиња. Шкотските пејсажи се најдоа во сцените на комедијата од 1983 година чија инспирација е шармот на природата и луѓето кои живеат во неа. Крајбрежното село Пенан, кое во филмот се нарекува Фернес оттогаш е светски познато.
Режисерот Питер Џексон одлучи дека неговиот дом, Нов Зеланд е идеалното место каде што може да се илустрира фиктивниот свет на Толкин во „Господарот на прстените“. Локациите каде што е сниман филмот станаа култни места за фановите од целиот свет. На фотографијата е претставено езерото Пукаки, односно „Градот на езеро“ во филмовите.
Филмот сниман во Кенија ја раскажува приказната за данската бароница Тања Бликсен која основа плантажа за кафе во Кенија на крајот од колонијалната ера и се вљубува во локалниот ловец Финч-Хетон. Една од најимпресивните сцени во филмот е нивниот лет преку долината Рифт. Во 1980-те години Кенија доживеа бум во туризмот со сафари поради популарноста на филмот.
Фотографија: picture-alliance/Wildlife/S. Muller
Лоренс од Арабија
Монументалното ремек-дело на Дејвид Лин во кое Питер О'тул ја игра главна улога, во 1962 година беше делумно снимен на неколку локации во Вади Рум во Јордан. Ова е местото каде офицерот на британската армија Томас Едвард Лоренс беше стациониран за време на Арапското востание (1917-1918). Филмот во 1963 година освои седум Оскари и четири Златни глобуси.
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online
Војна на ѕвездите
Туниската пустина може да се сретне во многу филмови како „Индијана Џонс“ или „Англискиот пациент“, но со вистинска слава се стекна откако се најде во сцените на филмот „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас. Селото на херојот Лук Скајвокер, „Нефта“ е туристичка атракција од 1995 година. Под закана да биде уништено од песочна бура, фановите поддржани од владата успеаа да ја спасат филмската локација.
Долината на спомениците во американската сојузна држава Јута стана препознатлива позадина во многу вестерн филмови. Едно име засекогаш ќе биде асоцирано со овој црвеникав пејсаж: Џон Вејн. Тој стана познат по неговата улога во филмот „Поштенска кочија“ режиран од Џон Форд.
Таа е можеби најпознатата личност од Швајцарија во светот: Хајди, малечкото девојче кое мораше да ги напушти саканите Алпи и привремено да се пресели во Франкфурт. Детската книга на Јоана Шпири доби неколку филмски адаптации, последен пат во 2015 година. Автор: Ане Термеше