1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почнува Глобалниот медиумски форум на Дојче Веле

Матијас фон Хајн/сн22 јуни 2015

Како социјалните мрежи влијаат врз политиката? Kако постојаниот проток на информации на интернет се одразува врз однесувањето на светските медиумите? Со овие прашања се занимава Глобалниот медиумски форум на ДВ.

Кога Барак Обама ќе остави порака на Твитер, ја читаат околу 60 милиони следбеници. Американскиот претседател води на листата светски политичари кои се служат со оваа социјална мрежа. На второ место, иако далеку под него, се наоѓа папата Франциско. Ако се соберат следбениците на папата на сите налози на 9 јазици, ги има околу 20 милиони. На трето место во моментов е индискиот премиер Нарендра Моди со нешто помалку од 13 милиони следбеници.

Социјалните мрежи станаа важен инструмент на политиката и дипломатијата, повеќе од 170 шефови на држави или влади имаат свои налози на Твитер. На интернет пораки оставаат и граѓаните, преку социјалните мрежи, блогови и микроблогови, делејќи информации, слики и видео-снимки. Дигиталната револуција ја стигна политиката.

Од минатогодишниот Глобален медиумски форумФотографија: DW/K. Danetzki

Дигитална револуција во политиката

Односот меѓу медиумите и надворешната политика е тема на Глобалниот медиумски форум на Дојче веле. Тој почнува на 22. јуни и ќе трае три дена, а предвидена е посета на повеќе од 2000 учесници од 130 земји- меѓу кои околу 500 новинари. Ќе се зборува за широк спектар на теми и тоа на околу 40 манифестации. Како да се спречи екстремистичката пропаганда на интернет? Какви се ризиците за безбедноста кои се појавуваат поради конфликтите за ресурсите како што се на пример нафтата и водата? Една интерактивна компјутерска симулација покажува дека известувањето за некој конфликт влијае на тој конфликт. На второ место се испитува како конфликтот во Украина ескалираше до информациска и пропагандна војна.

Ралф Нолтинг е еден од двајцата шефови на медиа-сервисот на ДВ кој ја организира оваа тридневна конференција. За него овој форум ја пополнува празнината меѓу стручњаците, медиумите и корисниците на медиумите: „На многу стручни конференции утврдивме дека поголемиот број стручњаци констатираа дека би било многу важно кога резултатите од тие конференции би и’ биле достапни на пошироката јавност.“ Нолтинг последните години доби и пофалби од многу новинари кои учетвуваа на Глобалниот медиумски форум. Тие знаењата добиени во Бон веднаш ги применија во своето работење. „Кога би го собрале опсегот на сите медиуми кои учествуваат на Глобалниот медиумски форум, би биле изненадени од исклучително големиот број луѓе ширум светот до кои стигнуваат нашите пораки преку мултипликаторите кои ги повикуваме во Бон“, убеден е Нолтинг.

Ралф НолтингФотографија: DW

Тој посебно се радува на двајца гости на конференцијата: Витали Кличко, поранешен боксер кој стана градоначалник на Киев, и Сили Елсворти, која ќе зборува на крајот на конференцијата: „Трипати е предложена за Нобелова награда, основач е на Окфордската истражувачка група! Жена која се бори за тоа економските и политичките лидери да се вразумат и да го сторат она што е неопходно животот на оваа планета и понатаму да постои.“

Слобода на печатот и БОБ

Како и секоја година, и на овој Глобален медиумски форум ќе бидат доделени награди за најдобри блогови (BOB – Best of Blogs). Оваа година една од нив ќе добие блогерката од Бангладеш, Рафида Боња Ахмед. Таа ја продолжува работата на нејзиниот сопруг Авиџит Рој кој во февруари беше брутално убиен. За првпат на Глобалниот медиумски форум ќе биде доделена и награда за слобода на говорот (Freedom of Speech Award) и тоа на саудискиот блогер Раиф Бадави, кој во моментот се наоѓа во затвор во Саудиска Арабија. Тој веќе со години се залага за слобода на говорот во својата земја. На интернет-порталот „Слободни саудиски либерали“ тој ги критикува политичките и општествените случувања во саудиското општество. Пред 7 години е уапсен првпат и тоа под обвинение дека „поставил електронска страница која го исмејува исламот“. Во мај 2014. саудискиот суд му изрече казна од 1000 удари со камшик, 10 години затвор и парична казна од околу 200.000 евра.

Рафида Боња АхмедФотографија: Reuters/Str

Притоа саудиската владејачка гарнитура е отворена кон Твитер- кога на оваа мрежа се шират „исправни“ содржнини. Кралот Салман на Твитер има повеќе од 3 милиони следбеници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми