1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Медлин Олбрајт на Косово

5 јули 2005

Поранешниот државен секретар на САД Медлин Олбрајт престојува во тридневна посета на Косово. Поранешниот прв човек на американската дипломатија, која последен пат во покраината беше по крајот на војната во 1999 година ја разбира желбата за независно Косово, но бара да се почитуваат и правата на малцинствата

„Од почетокот го разбирав сонот на народот на Косово и лично се залагав тој да стане реалност. Веќе не сум државен секретар на САД, но имам една неформална улога. Сега како шеф на Националниот демократски институт можам да кажам дека е многу важно да се развиваат демократските процеси. Луѓето да учествуваат во нив и да се почитуваат правата на малцинствата„ изјави Олбрајт во Приштина, изразувајќи задоволство од видливиот напредок во обнова на инфраструктурата и враќање на раселените.

На аеродромот во Приштина таа беше дочекана од страна на претседателот Ибрахим Ругова, премиерот Бајрам Косуми и лидерот на Демократската партија Хашим Тачи. За време на престојот во покраината Олбрајт треба да има повеќе средби со граѓани, политички лидери, новинари и дипломати.

Во меѓувреме специјалниот пратеник на ОН за проценка на постигнатите стандарди, норвешкиот дипломат Каи Еиде ги продолжува разговорите со лидерите на Србите.

Претседателот на зањедницата на српските општини во покраината Марко Јакшиќ на Еиде му ги соопштил проблемите со мои се соочуваат косовските Срби

„ Сите решенија треба да се бараат во рамки на резолуцијата 1244 и тоа е основа за сите идни преговори. Едноставно опстанок на србите на овие простори и враќање на оние кои тоа сакаат да го сторат. Сите други решенија, посебно оние кои водат кон независност на покраината, се во насока на натамошен егзодус на Србите, кој не запира повеќе од 6 години„ рече Јакшиќ пренесувајќи го ставот на како што рече најголем дел од србите дека не треба да учествуваат во работата на привремените институции, посебно во Собранието.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми