1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мека: Доаѓаат е-аџиите

4 ноември 2011

Околу 2,5 милиони муслимани, во Мека денеска ги почнуваат ритуалите од годинешниот аџилак. Многу аџии во ова време на нови медиуми се’ почесто ги користат интернет, Фејсбук, Твитер и своите смартфони.

Аџии во Мека во Саудиска АрабијаФотографија: DW/Almakhlafi

Кога аџиите во Мека ќе ја опкружат Каба, покрај нив се’ почесто се и нивните пријатели со кои се во контакт преку социјалните мрежи на интернет. Со помош на овие мрежи тие можат директно да ги соопштуваат своите впечатоци од аџилакот или своите смартфони да ги користат од сосема практични причини, за да се запознаат со ритуалите кои се изведуваат за време на аџилакот, да стапат во контакт едни со други или по поволни цени да комуницираат со членовите на своите семејства кои се останати дома. На страниците на Фејсбук хотелите со свои реклами се натпреваруваат за наклонетоста на аџиите. Без сомневање, новите медиуми се во тренд и на најголемиот верски собир во светот.

Барање прошка преку Твитер

Аџија во Мека говори на мобилен телефонФотографија: AP

Така еден млад аџија го користи Твитер за извршување на една религиозна обврска. Тој своите пријатели и познаници регистрирани на Твитер ги моли за прошка, доколку им згрешил. Така меѓу другото пишува: „Утре одам во светиот град Мека. Не ми се лутете ако некогаш сум ве разлутил.“ Социјалните мрежи ги следат аџиите не само за време на подготовките за заминување на аџилак, туку и за време на извршувањето на верските ритуали во Мека. Некои аџии своите впечатоци ги соопштуваат преку Фејсбук: „Во моментов сум во Мека. Штотуку бев на Каба... неописливо чувство“, пишува еден аџија на арапски јазик.

Некои дури снимаат и кратки видео филмови и ги поставуваат на Јутјуб. Едно од тие видеа носи наслов „најмалиот аџија во светот во Мека“. На него е прикажан човек кој е понизок од еден метар. Други луѓе ги изнесуваат своите политички и економски ставови што се однесуваат на аџилакот:

„Мислам дека Мека би требало да биде град на сите муслимани. Приходите од аџилакот би требало да бидат искористени за помош на муслиманските народи и не би требало да бидат наменети само за една земја. Тие пари би требало да се вложат во проекти, со кои би им се помогнало на луѓето во Сомалија“, пишува една аџијка.

Свои впечатоци и совети дaваат и муслиманските теолози. Еден од нив е и шеик Алксед Ал Карни: „Аџиите кои честопати биле на аџилак, повеќе не би требало да доаѓаат во Мека. Со своите пари треба да им помогнат на други муслимани, за да можат и тие да си дозволат доаѓање во Мека“.

Фотографија од воздух покажува десетици илјади аџии кои ја опкружуваат Каба во центарот на Големата џамија во МекаФотографија: AP

Ајфон апликации за аџиите

Компанијата Епл на нејзината интернет страница Ајфон ислам под мотото - постојат програми за сите - нуди бесплатни апликаци за аџиите. Една од тие апликации содржи молитви кои се извршуваат за време на аџилакот. Некои апликации се понудени на повеќе јазици. Локалните телекомуникациски компании се во остра конкуренција и меѓу себе се натпреваруваат со што поповолни цени да примамат што поголем број аџии.

Еден жител на Мека на Твитер пишува: „Јас сум од Мека. Аџилакот го ценам, бидејќи се собираат луѓе од целиот свет“.

Аџиите се мешана група муслимани од целиот свет и од различни насоки на исламот. Службите во Саудиска Арабија и самите многу интензивно ги користат новите медиуми. Тие на аџиите им нудат нон-стоп онлајн поддршка. Така посетителите во светите градови можат да користат модерни технологии. Надлежните служби нудат информации и совети. Прашањата поврзани со аџилакот се одговараат и интерактивно. Елекстронски услуги на Фејсбук и на Твитер можат да се најдат под името И.Хаџ.

Автор: Али Алмаклафи/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми