1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел-Африка

3 октомври 2007

*

Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнал побара помош од германската канцеларка Ангела Меркел за ослободување на политичките затвореници во Етиопија. Генералниот секретар на германската секција, Барбара Лохбилер изјави дека побарала од Меркел за време на разговорите со етиопското раководство да се заложи за ослободување на затворениците. Етиопија е првата станица од посетата на Меркел на Африка, чиј официјален дел започнува утре. Таа ќе ги посети и Либерија и Јужна Африка. Покрај помошта за натамошниот развој во фокусот на разговорите ќе биде и развојот на економските односи и соработката околу заштитата на човековите права.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми