1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Меркел-Бајден: Руските трупи да се повлечат од границата

Улрике Кваст
15 април 2021

Германската канцеларка и американскиот претседател се согласни дека Москва треба да ги повлече своите трупи од границата со источна Украина со цел да се постигне деескалација на конфликтот. Москва зборува за вежби.

Bildkombo Angela Merkel und Joe Biden

Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден разговараа телефонски во врска со влошувањето на ситуацијата околу источна Украина, соопшти портпаролот на германската влада Штефен Зајберт. Двајцата соговорници сметаат дека Москва треба да ги намали зајакнатите трупи во пограничниот регион со Украина. Само така може да се постигне „деескалација на ситуацијата“, согласни се Меркел и Бајден.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во Вашингтон изјави дека Бајден во вторникот разговарал со рускиот претседател Владимир Путин со цел да му укаже на можните последици од руските активности. Претходно американскиот претседател на рускиот колега веќе му предложи самит во трета држава.

Според уркаински податоци, Русија во меѓувреме во пограничниот регион има распоредено 41.000 војници. Околу 40.000, како што се вели, се распоредени на анектираниот полуостров Крим.

Борци на самопрогласената Народна Република Луганск на борбени позиции на линијата на раздвојување со украинските вооружени сили во регионот Луганск (13.04.2021)Фотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

Москва ги отфрла обвинувањата за трупање војска на границата и зборува за „воени вежби“. Во источна Украина од средината на февруари повторно има засилени борби помеѓу проруските бунтовници и украинската армија. Оттогаш постојано стигнуваат извештаи за големи разместувања на руски сили на украинската граница.

Повеќе:

Тензиите на руско-украинската граница во фокусот на НАТО и САД

Украина бара помош од НАТО во конфликтот со Русија

Руски трупи на границата со Украина: Демонстрација на моќ или претстојна инвазија?

Во меѓународни рамки се зголемува загриженоста од нова ескалација на украинскиот конфликт. Само од почетокот на оваа година, наспроти прекинот на огнот, има околу 50 загинати. Делови од источноукраинските региони Луганск и Доњецк, долж границата со Русија, од 2014 година се под контрола на борци верни на Москва.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми