Меркел во Самара
17 мај 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел е на пат кон рускиот град Самара, на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата политичари ќе разговараат ден пред почетокот на самитот ЕУ-Русија. Меркел, во својство на претседавач со Унијата, на средбата со Путин ќе ја придружува претседателот на ЕК Жозе Барозо. На единствената работна седница што ќе се одржи утре, ќе учествуваат и голем број министри. Самитот се одвива во услови на зголемени тензии меѓу двете страни околу повеќе прашања. Едно од нив е и руската забрана за увоз на месо од Полска. Москва и Брисел имаат спротивставени ставови и околу решениетоп на косовското прашање.