Меркел го актуелизира прашањето дали и’ е на Турција местото во ЕУ
31 мај 2005Реклама
Водачот на демохристијанската опозиција во Германија и нејзин кандидат за канцелар Ангела Меркел повторно побара дебата за приемот на Турција во ЕУ. Референдумското НЕ на Французите за европскиот устав го покажува отуѓувањето меѓу луѓето и Европа, рече Меркел вчера во Берлин.
„Ние сфативме дека и покрај еден, се’ на се’ добар устав, луѓето - како што е во моментов – не ја разбираат Европа. Тие се воздржуваат, загрижени се – јас велам со право, дека границите на Европа не се јасно поставени. Тоа отуѓување меѓу луѓето и Европа мора да биде отстрането, и поради тоа, според мое цврсто убедување, потребна ни е сосем искрена дискусија во врска со пристапувањето на Турција. Нашиот познат концепт е за привилегирано партнерство“.