1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел го опомена Ердоган остро, но дипломатски

ЕМФ /агенции
23 ноември 2016

Генералната дебата во Бундестагот е секогаш можност за размена за тешки удари на релација власт-опозиција. Канцеларката Меркел во своето излагање погледот го насочи прво кон Анкара.

Bundestag Generaldebatte  Angela Merkel
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикуваше политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но уште еднаш се изјасни против прекин на контактите. Ограничувањето на слободата на печатот и апсењето на илјадници луѓе не е оправдано, рече Меркел во текот на генералната дебата за владината политика во Бундестагот. „Па, оттука, тоа мора јасно да го критикуваме“, рече Меркел, истовремено додавајќи дека не треба да се дозволи прекин на нишките за разговори со владата во Турција.

Прв парламентарен настап по објавувањето на кандидатурата

Германија е заинтересирана за соработка со Анкара на разумен начин. „Меѓутоа, тоа не исклучува отворено да се разговара за она што е алармантно“, нагласи Меркел. Таа ги отфрли обвинувањата на Ердоган дека Германија не прави доволно во борбата против тероризмот и потенцираше дека германската влада е обврзана да се бори против тероризмот како и секоја друга влада во Европа.

Томас ОперманФотографија: picture-alliance/dpa

Денешниот настап на Меркел е прв откако во неделата објави дека ќе се кандидира повторно за функцијата канцелар. Шефот на пратеничката група на СПД, Томас Оперман, го обвини турскиот претседател Ердоган за систематско уништување на демократијата. Оној кој затвора судии, обвинители, новинари и опозиционери, тој „ја уништува демократијата и модерна Турција“, рече Оперман, кој смета дека „Европа не смее да молчи“. Доколку Турција повторно ја воведе смртната казна, тоа би било крај на преговорите за приклучување во ЕУ, оценува Оперман.

Германија е сѐ поизолирана

Сара ВагенкнехтФотографија: picture-alliance/dpa

Шефицата на пратеничката група на Левицата, Сара Вагенкнехт, ја обвини владата дека му се додворува на Ердоган и ја обвини Меркел дека за претпочитан партнер го избрала токму „турскиот диктатор“. Вагенкнехт ја обвини владата и дека потфрлила на економски план. Дури и идниот американски претседател Доналд Трамп „е економски подобар од Вас“, ѝ рече Вагенкнехт на канцеларката на почетокот на дебатата. Според нејзе, во Германија се зголемува социјалната нееднаквост, а земјата е сѐ поизолирана во Европа. „Сепак, ЦДУ се чини си се радува со 'продолжуваме исто' на канцеларката“, констатираше Вагенкнехт, додавајќи дека луѓето во земјата не се радуваат, затоа што и покрај бумот на извозот, секој шести пензионер живее во сиромаштија, а сѐ повеќе деца раснат со сознанието дека се исклучени од „убавиот шарен свет“.

Заедничка борба против десницата

Шефот на пратеничката група на Зелените, Антон Хофрајтер, во Бундестагот повика на заедничка борба против десничарските партии. „Мора заеднички да им се спротивставиме на демагозите, националистите и авторитарните“, рече Хофрајтер. „Слободата, солидарноста и хуманизмот е на коцка“, опомена тој.

Генералната дебата е дел од расправата впо Буднестагот за Буџетот за 2017 година и традиционално се користи за размена на жестоки удари на релација опозиција-влада.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми