1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел одбива прашање за доверба

Рајнхард Клебер
25 март 2021

Германската канцеларка Ангела Меркел отфрла поставување на прашање за доверба во Бундестагот поради нејзиниот корона-менаџмент. Тоа го побараа делови од опозицијата.

ARD Brennpunkt 24.03.2021 Angela Merkel
Фотографија: ARD

„Тоа не е потребно. Нема да го направам тоа“, изјави Ангела Меркел за германскиот радиодифузен сервис АРД. Таа вели дека ги замолила луѓето за прошка поради грешката и смета дека „тоа е она што е исправно“. Инаку, додаде Меркел, таа ја има „поддршката на целата сојузна влада, па оттука и на парламентот“.

Сојузот и покраините вчера го укинаа заклучокот за воведување два дополнителни денови за мирување во велигденската недела. Планот за прогласување на четвртокот и саботата пред и по Велики Петок за „денови на мирување“, според Меркел, не можел да се реализира за толку кратко време, па оттука и промената на одлуката и извинувањето на Меркел. Заклучокот донесен ден претходно, вели таа, е „единствено и само моја грешка“. Поради тоа, канцеларката ги замоли граѓаните за прошка.

Опозицијата во Бундестагот го критикуваше кризниот менаџмент на сојузот и покраините во пандемијата и побара подобро вклучување на парламентот во сето тоа. Левицата, ФДП и АфД, освен тоа, побараа од канцеларката поставување на прашање за доверба во Бундестагот за да се провери дали таа сѐ уште има мнозинство кое го поддржува нејзиниот курс. Ваквото барање Меркел го отфрла и објаснува дека сега е многу поважно да се стави под контрола третиот бран на пандемијата. „Вирусот е поагресивен, позаразен и посмртоносен“, рече таа.

Повеќе:

Без строг локдаун за Велигден - владата на Меркел во слободен пад

Политиката во корона-лавиринт

Германија: Локдаунот продолжен, за Велигден дури и заострен

Канцеларката ги отфрла обвинувањата дека кризниот менаџмент ѝ се лизга од раце. „Мислам дека сите ние постигнавме напредок во борбата против оваа пандемија и истрпевме удари. И, кога во вакво тензично и тешко време ќе се направи грешка, тогаш таа не би требало да се повторува од принцип, туку мора да се каже - ова го стопирам.“

Целта на прогласувањето уште два дена за „денови на мирување“ била да се намали колку што е можно повеќе економскиот, јавниот и приватниот живот во третиот бран од пандемијата и на тој начин да се намалат ризиците од инфекција. Меркел, и покрај тоа што нема државна наредба за велигденско мирување, вчера на АРД сепак ги замоли граѓаните да останат дома колку што е можно повеќе: „Ја упатувам оваа молба и знам дека многу граѓани ќе се однесуваат така.“

Германија соочена со трет бран коронавирус

02:07

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми