1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел е осудена на неуспех

Кристијан Ф. Трипе/ превод:БГ15 февруари 2016

Две отсуства ја дефинираа годинешната Минхенска безбедносна конференција: Ангела Меркел и Владимир Путин. Меркел е под политички притисок, а рускиот претседател веројатно е задоволен поради тоа, коментира Кристијан Трипе

Großbritannien Syrien Geberkonferenz in London Empfang Merkel
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Tallis

Џон Мекејн е стар политички воин. Републиканецот од Аризона еднаш годишно на Европејците им ја чита повелбата и одушевен е од својата улога на главен промотор на безбедносната политика. Неговите учества на Минхенската безбедносна конференција станаа дел од транс-атлантската легенда. Годинава, Мекејн го започна својот говор со впечатливи зборови на пофалби кои не се вообичаени: тој и се заблагодари на канцеларката Ангела Меркел за нејзиното лидерство.

Меркел ги губи сојузниците

До САД стигна информацијата дека Меркел е под политички притисок кој може Вашингтон да го чини загуба на верен сојузник, а Меркел нејзината функција. Таа не се појави на безбедносната конференција но нејзината политичка судбина беше преговарана во Минхен, можеби дури и одредена од други.

Кристијан Ф. Трипе

На јавната сцена во Минхен, францускиот премиер Мануел Валс отворено соопшти дека неговата земја не ја прифаќа германската бегалска политика. Франција не сака да прифати дополнителни бегалци а Париз се против на планот на Меркел кој ги обврзува останатите ЕУ членки меѓусебно да ги дистрибуираат мигрантите. Со тоа, Меркел ја загуби надежта дека ќе има силен сојузник во бегалската политика. И официјално, таа може да доживее неуспех на ЕУ самитот следната недела.
Бегалската криза исто така одзема голем дел од политичката енергија на Меркел поради што таа- незабелажано од многумина- ја загуби контролата над други проблеми. Пред две години, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и ги поддржа сепаратистичките бунтовници во источна Украина, Германија ја презеде главната улога во кризната дипломатија. САД се држеше на страна; претседателот Барак Обама ги остави Германците да водат.
Последниве недели, САД ја сменија брзина и се поактивно се инволвираат во украинската криза. САД се ангажираа во тивка дипломатија во обид да му дадат нов живот на Договорот од Минск. На тајните преговори, американците го опипуваат пулсот на Русија за шансите за преживување на договорот. Уште еден надворешно-политички успех ќе биде добредојден за Обама кој го завршува претседателскиот мандат. Но тука има и нешто повеќе: германскот-украинската дипломатија го загуби здивот во последните месеци.

Слабоста на Меркел ѝ одговара на Русија

Една врска е очигледна: колку повеќе бегалци пристигнуваат во Германија, толку помалку политичка енергија има Канцеларијатот да се справува со други проблеми. Некои набљудувачи веруваат дека препознале голем заговор во таа врска: Бомбардирањето на Владимир Путин на непријателите на Башар Асад во Сирија тера сѐ повеќе луѓе на бегство во Германија, а како резултат на тоа, Меркел станува сѐ послаба и на крајот можеби ќе мора да си замине.
Тоа би потврдило дека Путин, како умешен политички играч, може да го контролира бранот бегалци и да ја одлучува судбината на канцелари. Сепак, другите откритија покажуваат помалку драматични теории: нема дилема, ослабнатата позиција на Меркел и одговара на Русија. Од друга страна, и САД придонесуваат во заканите врз заедничкиот европски проект и врз владеењето на Меркел.
На домашен план, бегалската политика на Меркел најмногу е критикувана од баварскиот премиер Хорст Зехофер. Тој неодамна ја предаде канцеларката заминувајќи на средба со Путин во Москва. Сенаторот Џон Мекејн поради таа средба го загуби апетитот во Минхен па ја одби поканата на Зехофер за заедничка вечера.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми