1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел жали поради тоа што нема единство за датумот

ЕМФ
18 октомври 2019

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата по завршувањето на самитот на ЕУ нагласи дека за датумот за преговори ќе се разговара на самитот за Западен Балкан во Загреб.

Gipfel der EU-Staats- und Regierungschefs in Brüssel
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/F. Augstein

Ангела Меркел жали што не постигнато единство околу датумот за преговори со Северна Македонија и Албанија на самитот на ЕУ. На прес-конференцијата по завршувањето на самитот, таа рече:

„Позицијата на СР Германија беше дека може да се дојде до отворање преговори под определени услови. Меѓутоа, ваквиот став не можеше да добие согласност од сите и поради тоа жалам многу. Дискусијата беше многу обемна и уште еднаш ја нагласи важноста на овие земји од геостратешки, но и од европски аспект. На оваа тема ќе мора и натаму да работиме. Се договоривме пред самитот за Балканот во време на хрватското претседателство, значи пред самитот за Балканот во Загреб, уште еднаш да се навратиме на оваа тема. Но, разликите во мислења сѐ уште не се надминати.“

На прашањето на новинарите дали стравува од скршнување на С. Македонија и Албанија од европскиот пат и дали навистина Франција беше толку изолирана на самитото, германската канцеларка одговараше долго. Таа рече дека „не е тајна оти три земји имаат задршки: Франција, Данска и Холандија“ и додаде:

„Прашањето за кое и ние дискутиравме е какви последици ќе има тоа. Ќе се обидеме преку блиски контакти со овие земји да ги сведеме последиците на најмало можно ниво. Но, ќе има, се разбира, разочарување. Денеска разговарав со Зоран Заев во Северна Македонија. Сакаме да се навратиме на темата. На една страна е желбата, француската желба која нагласено ја поддржувам, да ги направиме потранспарентни процедурите за приклучување, и да ставиме јасно до знаење дека отворањето преговори за приклучување не се сигурниот успешен крај, туку дека може да има и реверзибилност, за што исто така се залагам и тоа ќе го правиме во наредните месеци. Потоа, има различни проценки и за работите кои уште треба да се направат. Сите се на мислење дека уште нешто треба да се заврши, но некои, како на пример Германија, велат дека сепак досега е доволно направено за да се влезе во процесот на приклучување. Други велат дека не е доволно сторено. Во однос на Северна Македонија ситуацијата е таква што таму се направи значително многу во однос на прашањето за името и во однос на деблокадата кога зборуваме за членството во НАТО, и затоа по тоа прашање се заложивме многу.“

Повеќе:

ЕУ самит: Македонија извиси, следна рунда- самитот во ЗагребПендаровски: Немаме непријатели во Европа

Меркел потенцираше дека и во Албанија е постигнат напредок, „особено многу е направено во делот на ветинг-процесот“. Но, тоа, повтори германската канцеларка, „не беше доволно за да се постигне единство и да се најде формулација која ќе ги отсликува различните мислења, па само се договоривме да се позанимаваме со темата повторно пред Западнобалканскиот самит“.

Меркел на прес-конференцијата беше прашана и зошто не се согласила со одвојување на двете земји, за барем едната да добие датум за преговори, на што таа објасни дека на Балканот има две држави - Србија и Црна Гора кои се малку понапред во процесот на приклучување, две држави - Босна и Херцеговина и Косово, кои се малку поназад, а дека Северна Македонија и Албанија се во средината и дека меѓусебмо се многу поврзани. „С. Македонија е многу присутна во нашите глави затоа што долго немаше име кое беше прифатено, но од друга страна, Албанија е подолго на патеката. Затоа се залагам за поврзаност. Вчера сметав дека е подобро ако двете земји се држат заедно.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми