Меркел задоволна од посетата на Индија
1 ноември 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел извлече позитивен биланс од нејзината четиридневна посета на Индија . На завршната пресконференција во Бомбај таа изјави дека придонело за поттикнување на билатералните односи . Голем предизвик во тие односи е борбата против сиромаштијата рече Меркел , дополнувајќи дека секој Индиец мора да ја почуствува економското зајакнување на оваа земја во развој. Меркел на патувањето беше придружувана и од 140 члена делегција меѓу која се наоѓаа и 30 врвни менаџери од Германија .