1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел за спорот за името: Компромисите се секогаш болни

ЖА / агенции
21 февруари 2018

Германската канцеларка е оптимист дека во спорот за името меѓу Македонија и Грција доаѓа до ново придвижување. Германија ќе помогне ако може и ќе ги охрабри партнерите, рече Меркел.

Berlin - Kanzlerin Merkel empfängt Mazedoniens Regierungschef Zaev
Фотографија: Reuters/A. Schmidt

Македонија е поблиску од било кога во изминатата деценија да го реши долгогодишниот спор околу своето име со Грција, кој ги кочи амбициите на Скопје да им се придружи на НАТО и на ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин.

Меркел: Германија ќе помогне онаму каде може во спорот за името

01:18

This browser does not support the video element.

„Ме радува и за мене претставува олеснување што со владата на премиерот Заев во преговорите повторно дојде до придвижување. Имам чувство дека двете страни имаат интерес да се најде решение за ова прашање“ истакна Меркел.  Германија сака овој проблем да биде решен, онаму каде може ќе помогне и ќе ги охрабри партнерите да направат нужни чекори и да најдат решение.

Европската перспектива за земјите од Западен Балкан е она што ние секогаш го поддржувавме, изјави Меркел, дополнувајќи дека конфликти во регионот има доволно, а еден помалку ќе значи многу. Но, таа смета дека е контрапродуктивно вршење притисок во спорот околу името. Според Меркел, двете страни треба да ги зајакнат напорите, а притоа се неопходни компромиси, кои секогаш се болни.

Меркел го пречека Заев во Берлин со сите почести

06:46

This browser does not support the video element.

Меркел смета дека не треба да се инсистира на датум за можен прием во ЕУ, туку во преден план треба да бидат напорите за исполнување на условите.

Македонскиот премиер Зоран Заев, кој на функцијата е од јуни минатата година, и е во своја прва посета на Берлин, потенцираше дека за неговата земја нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО. За таа цел Македонија е спремна и прави напори да ги реализира потребните реформи. Заев ја потенцираше улогата на Германија како трговски и стратешки партнер за Македонија, но и очекувањата од натамошна германска поддршка на патот кон ЕУ и НАТО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми