1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Браун - ангажман за милениумските цели на ОН

23 август 2007

Меркел на разговор кај Браун во Лондон. В. Британија, Германија, Канада, Норвешка, Светската банка и СЗО во иницијативата Меѓународно партнерство за здравство зa подобрување на помошта за земјите во развој

Гордон Браун и Ангела Меркел синоќа во ЛондонФотографија: AP

Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Англија и Германија синоќа на новиот стадион Вембли, во кој Германците победија со 2 спрема 1, во обете земји ја потисна во втор план средбата на шефовите на влади Гордон Браун и Ангела Меркел. Впрочем, и самите тие разговараа неполн час, за потоа да стигнат на стадионот за да го гледаат натпреварот. Сево ова, сепак, не значи дека не разгледувале важни теми.

Главна тема на разговорот, како што известија Меркел и Браун на кратката прес-конференција, биле милениумските цели на ОН за поправеден развој во светот. Тие оценија дека е веќе загрозено планираното преполовување на бројот на луѓе кои живеат со помалку од еден долар дневно. Велика Британија и Германија имаат намера да им се приклучат Канада, Норвешка, Светската банка и Светската здравствена организација во иницијативата за Меѓународно партнерство за здравство за подобрување на помошта за земјите во развој.

Иницијативата, според Меркел и Браун, треба да придонесе за намалување на смртноста на мајките и децата и да ја јакне борбата против заразни болести како сида. На посиромашните региони треба заеднички да им се обезбеди нова опрема и подршка за обука на стручен медицински персонал, и пред се’ подобро да се координира меѓународната помош во областа на здравството. Партнерството за здравство е обид да се реализира едно од ветувањата дадени на самитот на групата најразвиени земји Г8 во Хајлигендам, чиј актуелен претседавач е Ангела Меркел. Гордон Браун уште како министер за финансии се ангажира против сиромаштијата во светот.

Во разговорот станало збор и за Авганистан. Британски опозициони политичари бараа од премиерот Браун да се заложи кај Меркел за поголем германски придонес во ангажманот на НАТО во Авганистан, посебно во борбите во најкритичниот регион Хелманд. Меркел само возврати дека Британците и Германците имаат различна одговорност во исти мисии и оти Германија се залага за нужното јакнење на полицискиот ангажман.

Браун заклучи дека во секој случајзаеднички меѓународен интерес е да не се дозволи талибанците повторно да воспостават контрола врз Авганистан и оти борбата против екстремистите мора решително да продолжи.

Сабина Матај

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми