1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Вестервеле контра Кол

25 август 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли критиките на поранешниот канцелар Хелмут Кол дека на германската надворешна политика и` недостасува чувството за ориентација. Се спротивстави и министерот Гидо Вестервеле.

Bildgalerie Helmut Kohl und Angela Merkel
Хелмут Кол и Ангела Меркел (архива)Фотографија: dpa

Секое време си носи свои предизвици, рече Меркел за весникот „Зидојче цајтунг.“ Нејзината влада, заедно со европските партнери, се обидува да излезе на крај со нив, додаде Меркел. Поранешниот канцелар Кол во интервју истакна дека на актуелната владина коалиција и` недостасува политички компас. Германија се соочува со опасноста да стане „непресметлива“, критикуваше 81-годишниот политичар, кој исто така доаѓа од редовите на владејачката ЦДУ.

И германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, смета дека критиките од Кол се неосновани. Во изјава за вториот канал на германската телевизија, Вестервеле нагласи дека во 21. век не е важно само да се негуваат старите партнерства, туку треба сериозно да се сфатат и новите центри на моќ и да се градат стратешки односи со нив. Тоа е од особено голема важност за земја-извозник како Германија, која живее од меѓународната поврзаност, додаде Вестервеле.

Автор: ТТ/АТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми