1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и ЕК го критикуваат тврдиот курс на Ердоган

ЖА/дпа/афп7 јуни 2013

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од турската влада да се воздржи од употреба на сила против демонстрантите во земјата. Еврокомесарот Штефан Филе побара спроведување истрага за постапките на полицијата.

Фотографија: picture alliance / dpa

Демонстрациите се дел од правната држава и со учесниците на протестите мора да се постапува во духот на правната демократија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел која денеска (07.06.2013) во Берлин го прими тунискиот премиер Али Ларајед. Таа укажа на признанието на турскиот претседател Абдула Ѓул за постоење проблеми:

„Сметам дека токму со младите треба да се дискутира за проблемите во земјата и дека не треба да се употребува сила против демонстрантите“, изјави Меркел.

Филе со критики на сметка на Турција

Турција треба да спроведе истрага дали полицијата употребила прекумерна сила при задушувањето на антивладините протести во земјата и да побара казна за одговорните лица, изјави денеска еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

Штефан Филе бара истрагаФотографија: DW/M. Maksimovic

„Мирните протести претставуваат легитимен начин на кој група луѓе можe да ги изрази своите ставови во едно демократско општество. Прекумерната употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите нема место во една демократија“, нагласи Филе во обраќање за време на конференција на која присуствуваше и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Филе изрази задоволство што турската Влада го призна тоа, нагласувајќи дека сега е важно да се спроведе итна и транспарентна истрага и виновниците да сносат одговорност. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој учествува на дводневна конференција во Истанбул се сретнал со претставници на турски граѓански организации, вклучително и со демонстрантите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми