1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Макрон го зголемуваат притисокот врз Лукашенко

Марина Штраус | агенции
21 август 2020

Германија и Франција заеднички стојат на страната на мирните демонстранти во Белорусија, а покрај ОБСЕ, и ЕУ е подготвена за посредничка улога доколку постои таква желба, изјавија Меркел и Макрон.

Frankreich Bormes-les-Mimosas | Fort de Bregancon | Pressekonferenz Angela Merkel und Emmanuel Macron
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Ангела Меркел уште на почетокот, во манир на добар гостин, изрази одушевување од летната резиденција на францускиот претседател, Форт де Брегансон: тоа е најубаво место во светот и чест ѝ е што се наоѓа на таа тврдина на Медитеранот. Странските гости тука се многу ретки – минатата година Емануел Макрон таму го покани рускиот претседател Владимир Путин, а претходната 2018 година– тогашната британска премиерка Тереза Меј. Од германските канцелари таму бил уште само Хелмут Кол на покана на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран во 1985 година. Ангела Меркел тоа тогаш го дознала како вест од медиумите во Германската Демократска Република, не можела ни да замисли дека еден ден и таа ќе стои на терасата на тврдината. „Дотолку е за мене овој навистина посебен ден", изјави канцеларката.

Но, заедничкиот дух кај двајцата државници продолжи и при преминот на сериозни теми: ова е прва средба на германската канцеларка со францускиот претседател од состанокот на врвот на ЕУ во јули кога со заеднички сили успеа создавање европски фонд за обнова од последиците на коронавирусот во износ од 750 милијарди евра. И во оваа прилика Макрон тоа го истакна како успех на патот кон обединување на Европа, идеја која во Берлин не наидува секогаш на одушевување, зашто по правило за Париз е јасно дека токму Франција тука мора да игра исклучителна улога.

Љубезност со сметка

Но, и пандемијата на коронавирус, како и постојано новите политички кризи ја наведоа и германската канцеларка да изјави дека „Европа е силна само кога говори во еден глас". Зашто, тука не е само заедничкиот европски фонд за обнова, туку е јасно и дека Европа моментно во САД не може да гледа партнер од доверба. Освен тоа, Ангела Меркел се чувствува обврзана да ја исполни својата задача до крај: Германија моментно претседава со ЕУ и останува уште многу работа околу чувствителното прашање за заедничкиот среднорочен буџет на ЕУ. А германската канцеларка сака и да остави нешто зад себе: со оглед на изборите во Германија следната година, и нејзината политичка кариера се ближи кон крајот.

Меркел и Макрон - демонстрација на заедништвоФотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

И францускиот претседател мисли на избори: тоа ќе биде во 2022 година, но неговата популарност опасно опаѓа. Тука се протестите на „Жолтите елеци", неговата реформа на пензискиот систем, а потоа пандемијата со цела сила го погоди француското стопанство. Затоа и на Макрон му е важно да покаже дека го има Берлин на своја страна.

Европејците на слога ги тераат и случувањата на нивните источни граници: тие истакнаа солидарност на ЕУ со протестите во Белорусија, исто како што и му понудија секаква помош на рускиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални кој лежи во кома по можно труење. На, но прашањата на малкуте новинари на кои им беше дозволено известување за оваа средба околу познатите разлики во ставовите на Берлин и Париз, на сончевата тераса со поглед кон Медитеранот ниту домаќинот ни пак гостинката не сакаа ништо да зборуваат, постојат различни патишта до целта, а „ние имаме различни карактери и добро е што господ ги доздал луѓето да бидат различни", им објасни Меркел на новинарите.

Мирис на барут дури и до брегот

Но, и самото Средоземно Море кое го опкружува Форт де Брегансон носи нови кризи и опасности: далеку зад морската ширина, во источен Медитеран и Франција испрати свои воени бродови кон Грција и Кипар поради спорот со Турција околу тамошните подморски наоѓалишта на гас и нафта. Макрон, инаку, е отворен критичар на политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а Германија порадо тука се служи со дипломатски канали. Канцеларката Меркел и претседателот Макрон најавија заедничко посредништво меѓу НАТО-партнерите Грција и Турција во спорот. „Потребна ни е стабилност, а не тензии, ова е навистина многу критична ситуација", изјави Меркел. Макрон истакна дека ЕУ мора да го чува суверенитетот на своите земји-членки.

Повеќе:

Војна поради економските зони во Средоземното Mоре?

Путин не може без Белорусија, но може без Лукашенко

Ризична игра на ЕУ околу Белорусија

Запад или Русија - која е позицијата на Белорусија?

Двајцата државници го повикаа на воздржаност и рускиот претседател Владимир Путин во однос на Белорусија. Тие имале телефонски разговор со него. Путин реагирал согласувачки на предлогот на ЕУ за посредување од страна на Организацијата за европска безбедност и соработка во Белорусија. Макрон изјави дека очекува Русија да се воздржи од употреба на каква било сила. „Покажуваме како ЕУ дека бараме дијалог со Русија, доколку постои желба и со Белорусија", изјави Меркел. Канцеларката дополни дека ЕУ инсистира белорускиот претседател Лукашенко да ги ослободи притворените демонстранти и да ги почитува правата на протести, како и да вети внатрешен дијалог со опозицијата. Макрон исто така потврди дека Германија и Франција заеднички стојат на страната на мирните демонстранти во Белорусија, а покрај ОБСЕ, и ЕУ е подготвена за посредничка улога доколку постои таква желба.

На адреса на Москва, Макрон предупреди дека не е можна стабилна врска меѓу ЕУ и Русија ако во Белорусија се повторат настаните од Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми