1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Макрон го открија Западен Балкан - принудно!

Андреас Ринке (Ројтерс)
20 април 2019

„Германија и Франција нема да претстават никаков план на средбата", дознава Ројтерс од кругови блиски до германската влада.

Belgien, EU-Gipfel in Brüssel
Фотографија: Getty Images/T. Roge

Кога Ангела Меркел и Емануел Макрон заеднички канат на вечера во Берлин, мора да се работи за важна тема. На 29 април во кабинетот на канцеларката се очекуваат претседателите или премиери на шесте земји од Западен Балкан, како и на членките на ЕУ, Словенија и Хрватска, на вечера со германската канцеларка и францускиот претседател. Причината за тоа е што на југоистокот на Европа повеќе големи сили моментално геостратешки се борат за влијание. Само што заврши самитот на ЕУ и Кина во Брисел, кинескиот премиер Ли Кечијанг тргна во Дубровник на средба со претставници на 16 земји. Целта е да се прошири влијанието на Кина во регионот.

Договорот помеѓу Грција и Македонија за решавање на повеќедеценискиот спор за името беше позитивна порака од регионот, но сепак европски дипломати со недели предупредуваат од рапидно влошување на ситуацијата на Балканот. Во БиХ претставниците на трите народа не успеаја да формираат влада. Во Србија има големи протести против претседателот Александар Вучиќ. Во Албанија крчка национализам.

Најстрашна, според еден европски дипломат, е ескалацијата на кавгата помеѓу Србија и Косово. Откако српската влада го спречи приемот на Косово во Интерпол и владата на поранешната српска провинција како реакција на тоа воведе казнени царини на српски и босански производи, националистичките чувства вријат.

Српски пасош - барана стока на Косово

02:59

This browser does not support the video element.

А, пред тоа имаше план за размена на територии помеѓу двете држави, кон кој сојузната германска влада имаше критички став. „Секое поместување на границите во регионот е опасно“, предупредуваше Улф Брунбауер, директор на Институтот за југоисточна и источна Европа на универзитетот во Регенсбург, уште пред повеќе месеци со поглед на војните за време на распадот на Југославија.

Затоа средбата во кабинетот на канцеларката треба да ги приближи Србија и Косово барем до точка на повторен разговор. Спорот го оптоварува развојот во целиот регион кој сака да се ориентира кон ЕУ, но истовремено е под влијание на Русија, Кина, Турција, Саудиска Арабија и САД.

Повеќе: 

Хан е за почеток на подготвителна фаза за преговори со Северна Македонија

На Балканот нешто ново

Што губи Западен Балкан со заминување на Меркел?

Колку е истенчено трпението покажуваат шпекулациите во српските медиуми дека Меркел и Макрон наводно сакале на двете страни да им „сервираат” план за решавање на проблемот, кој предвидува Косово да ја има контролата и над српската ексклава на северот, а Србија над манастирите и црковните територии. Од Берлин ги отфрлаат таквите наводи: „Германија и Франција нема да претстават никаков план на средбата", дознава Ројтерс од кругови блиски до германската влада. Како што се вели, станува збор за „неформална, отворена размена" на мислења за регионални теми и притоа секако и за Србија и Косово. Но, поканети се осум земји од Балканот. „Со оглед на тоа дека Европската комисија за жал не презеде ништо, иницијативата од Меркел и Макрон доаѓа во вистинско време", вели заменикот шеф на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул. „Инаку ни се заканува враќање на старите конфликти."

„Да се спречи искрварување на Западниот Балкан“ 

Фотографија: DW

Причина за експлозивната ситуација во земјите од Западен Балкан е и лошата економска состојба, смета Душан Рељиќ, експерт за Балканот од тинк-тенк Фондацијата за економија и политика (СВП). „Во моментов растот во регионот е од два до три проценти. Но, искрварувањето на Западниот Балкан ќе може да се спречи само ако тој се издигне над шест проценти“, изјави тој за Ројтерс.

Многу експерти го посочуваат зголеменото иселување кон Австрија и Германија. Весникот „Велт" пишуваше дека официјалниот број на мигранти-работници од Западниот Балкан кон крајот на 2018 година се искачил на 66.000, со растечка тенденција. На работа во странство на север пред сѐ заминуваат квалификувани работници, како лекари и занаетчии.

Хан: Во ЕУ само со решени билатерални спорови

00:50

This browser does not support the video element.

„Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ, која на регионот пред сѐ треба да му донесе благосостојба, почнува да се доведува во прашање“, предупредува Релиќ.

Кон ова се надоврзува и постојаното забавување на долго очекуваната перспектива за членство во ЕУ, за што вината најмногу им се префрла на Макрон и на холандскиот премиер Марк Руте.

Макрон, за разлика од Меркел и Европската комисија, во пресрет на претстојните европски избори, се изјасни против почеток на преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Тука се крие стравот дека од такво нешто би можеле да профитираат десните популисти, иако ова би значело само почеток на долготрајни преговори.

Токму поради овие причини Европската комисија го одложи објавувањето на извештаите за напредокот на овие земји за по завршувањето на европските избори, иако тие требаше да се објават во април.

Европски дипломати проценуваат дека одложувањето ѝ одговара на германската влада со оглед на тоа дека гласањето во Бундестагот за почетокот на преговорите би можело да биде проблематично заради задршките во однос на западните балкански земји, на пример, во пратеничката група на Унијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми