1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел како „Мис Европа во Дубровник“

СН/ам/сб/велт16 јули 2014

Германската политика деновиве настојува да се презентира како и германскиот фудбал - она што новинарите го сметаат за успех на Меркел, се претставува во фудбалски контекст, па дури и кога е во прашање Западниот Балкан.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Додека Германија ги славеше своите светски шампиони во фудбал, канцеларката во Дубровник ја дочекуваа како мис на Европа“, пишува новинарот од весникот „Велт“, Томас Витум. Тој потсетува дека канцеларката двапати патуваше на Мундијалот во Бразил, за да ги следи натпреварите, но дека прославата во чест на светските шампиони, одржана во Берлин, ја пропушти, „и тоа поради што? Поради состанокот со т.н. иницијатива Брдо-Бриони во Дубровник, кој трае само неколку часа“. Авторот објаснува дека иницијативата, која името го доби поради локациите во Словенија и во Хрватска, е обид (инциниран во 2013.) „земјите од Западен Балкан, значи од поранешна Југолавија и Албанија, да се соберат на една маса“, со прокламинирана цел целиот регион да и’ се приближи на ЕУ.

Во текстот кој настојува да звучи комично, се нижат пофалби за канцеларката: „Германија, како што е познато, не припаѓа на Западен Балкан. Барем не во географски, а ни во фудбалски поглед. Но, канцеларката со задоволство го прифати повикот да биде почесна гостинка на состанокот во Дубровник. Тоа што состанокот се случуваше токму на денот на прославата по повод успехот на германскиот фудбал, како и на денот кога Жан-Пол Јункер е избран за претседател на Европската комисија, се вклопува во нејзината сметка. Таа не е таму каде и онака сите ја очекуваат, туку таму каде можеби би требала да биде. Таму, значи, каде е се’ уште потребна“. Понатаму се наведува дека Меркел, со стапнувањето на дубровничкиот тротоар, предизвикала мешавна на аплаузи, извици на одобрување и свирежи на неодобрување. Авторот заклучува дека свирежите не биле упатени кон Меркал како на германска канцеларка, туку како на „највисока претставничка на ЕУ. Мис Европа“.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Причините за негодувањата на присутните авторот ги гледа во фактот дека во Хрватска, и покрај членството во ЕУ, економијата е веќе шеста година по ред во рецесија, и оти на оваа земја не и’ оди подобро отколку на државите во регионот кои не се членки на ЕУ. Но, Меркел, како што пишува тој, „настапуваше со самодоверба, како гостин кој што не дошол само да ги слушне барањата, туку и самиот има нешто да побара“. По објаснувањето за тоа кој што сака (Србите: „Европа да го финасира доградувањето на централниот транзитен шински пат меѓу Минхен и Истанбул“, Хрватите: пари за изградба на мост на Пелешец) дознавме и дека канцеларката знае да биде цинична, па и да „глуми фудбалски судија“. Повод за тоа беше нејзината изјава за спорот меѓу Скопје и Атина околу името Македонија - откако кажа дека по тој повод ни сама веќе не знае која комбинација на зборови да ја употреби, таа додаде дека тука е потребен компрпмис, па го дефинираше со следната изрека: „Во Германија секогаш зборувам: компропмис е - кога сите учесници се подеднакво незадоволни“.

„Посетата на Дубровник ја одведе Меркел во оној вид дипломатска акција која во Германија не се наградува. Но, нејзе тоа не ја интересира“, тврди авторот, нагласувајжи дека германската влада со голема загриженост ја следи ситуацијата во БиХ, каде „односите останаа политички несредени“. Тој додава дека постојат стравувања дека во таа земја ќе се „вгнездат исламисти“ и оти таму една по друга никнуваат џамии чија изградба ја финансира Саудиска Арабија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми