Следниот германски канцелар би можел да биде Армин Лашет, или пак Маркус Зедер. Каква надворешна политика може да се очекува од едниот, а каква од другиот?
Но, баварскиот премиер и претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зедер, брзо возврати. Тој објави дека штотуку разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон 45 минути и оти утврдил дека постојат „големи сличности“ во гледиштата. Во разговорот воден на англиски јазик, меѓу останатото, станало збор и за заеднички проекти во авионскиот сообраќај и за планиран европски борбен авион.
Со оглед на тоа дека во Баварија се наоѓаат седиштата на важни компании кои се занимаваат со промет на воен и цивилен авионски сообраќај, Зедер со тоа собра бодови во надворешната политика и во надворешната трговија. А, претходно во октомври се залагаше за поактивна улога на Германија во надворешната политика.
Г7: Историската фотографија од повеќе агли
Оваа фотографија многумина ќе ја запаметат од самитот на Г7 во Канада. Но што навистина се случувало во тие моменти, зависи од каде гледате. Еве ги петте фотографии кои ја опишуваат истата сцена.
Оваа фотографија на германскиот владин фоторепортер Јеско Дензел молскавично го обиколи светот, откако ја твитна владиниот портпарол Штефен Зајберт ја твитна. На неа се лидерите на Г7. Многумина коментираа дека канцеларката Ангела Меркел делува одлучно, додека претседателот на САД Доналд Трамп беше опишан како „скиселен“.
Фотографија: Reuters/Bundesregierung/J. Denzel
Кој е главен овде?
Но еве една сосема поинаква перспектива на преговорите која ја твитна портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандерс. На неа, Трамп е опкружен од светските лидери, ја предводи конверзацијата, и седи за разлика од сите други околу него.
Фотографија: twitter.com/PressSec
Каде е Трамп?
На оваа фотографија, која ја твитна италијанскиот премиер Џузепе Конте, Трамп воопшто не е присутен. Таа исто така ги покажува светските лидери кои разговараат за некој документ, но фокусот е врз Меркел, Емануел Макрон и Тереза Меј. Конте е зад нив.
Фотографија: twitter.com/GiuseppeConteIT
Макрон на средината
„По долг работен ден и многу директен дијалог, ние активно бараме амбициозен договор“. Ова беа зборовите во твитот на Макрон покрај фотографијата за време на самитот. Го прикажува него како зборува, додека другите лидери внимателно слушаат.
Фотографија: twitter.com/EmmanuelMacron
Нема никаков проблем?
Оваа фотографија е сликана веројатно неколку секунди пред или по онаа на Дензел. Адам Скоти, фотографот на канадскиот премиер Џастин Трудо, сликаше порелаксиран момент меѓу лидерите, со насмеаните Меркел и Трудо, и Трамп кој делува, во најмала рака, како да е подготвен да слуша.
Тоа е само еден пример како двајцата политичари кои сакаат да дојдат на местото канцелар се позиционираат пред конзервативците од ЦДУ и од ЦСУ да донесат одлука за тоа кој ќе биде нивен кандидат за местото прв човек на германската влада на сојузните парламентарни избори на крајот на септември. Одлуката за тоа треба да биде донесена до 23 мај.
Јоханес Фарвик, професор по меѓународни односи од Универзитетот во Хале, укажува дека пред Лашет и Зедер претстои тешка задача. „Секој наследник на канцеларката, која има деценија и половина надворешнополитичко искуство и која е исчеличена низ бројни кризи, ќе мора да научи да ја игра таа улога. Истовремено, тежината на Германија на меѓународната сцена во последните години значително порасна и под тоа нема да оди ниту еден иден канцелар. Напротив, смената на функцијата ќе го зголеми притисокот тој да се позиционира по клучните прашања“, вели Фарвик.
Германските канцелари- од Аденауер до Меркел
Германија од 1949 година имаше седум канцелари и една канцеларка. Ангела Меркел веќе 12 години седи во канцеларската фотелја, а се надева на уште четири. Кои беа нејзините претходници?
Конрад Аденауер беше прв германски повоен канцелар. Во текот на неговиот мандат тогаш младата Сојузна Република Германија стана суверена држава. Во надворешната политика јавно се деклрарираше кон Западот. Неговиот стил на владеење беше авторитарен. Аденауер беше Рајнлендер, па оттука и заложбата Бон да стане главен град. Сепак, не беше многу заинтересиран за карневалската традиција на регионот.
Фотографија: picture alliance/Kurt Rohwedder
Лудвиг Ерхард (ЦДУ), 1963 - 1966
Во 1963 година, ЦДУ инсистираше од функцијата канцелар да се повлече, тогаш веќе 87-годишниот Аденауер. Ерхард беше прогласен за негов наследник. Тој стекна популарност како министер за економија, промовирајќи го социјалното пазарно стопанство. Познат е како „татко“ на германското стопанско чудо. Ретко можеше да се види без цигара. Поднесе оставка во 1966 година.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Курт Георг Кицингер (ЦДУ), 1966 - 1969
Кицингер ја формираше првата голема коалиција во Германија меѓу ЦДУ и СПД. На таа влада и појде од рака да го разбуди заспаното стопанство. По усвојувањето на законите за вонредна состојба, со што на државата и беа доделени посебни права, младите луѓе излегоа на улиците. Со тоа беше родено студентското движење. Кицингер беше спорен политичар поради своето минато во текот на националсоцијализмот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Вили Брант (СПД), 1969 - 1974
Општествените промени донесоа и политички промени: Вили Брант стана првиот социјалдемократски канцелар на Германија. Славен поради својот гест кога клекна пред Споменикот на јунаците на Варшавското гето и побара прочка за злосторствата на нацизмот. Со тоа испрати сигнал за помирување. Успеа да ги подобри односите и со земјите од Источниот блок. Во 1971 година ја доби Нобеловата награда за мир.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Хелмут Шмит (СПД), 1974 - 1982
Шмит стана канцелар по оставката на неговиот партиски пријател Вили Брант. Светската економска рецесија беше главна грижа на неговата влада. Шмит владееше разумно и ефикасно. Покажа цврста рака во борбата против теророт на левичарско-екстремистичката Фракција на Црвената армија (РАФ). Откако и беше изгласана недоверба на неговата влада поднесе оставка.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Хелмут Кол (ЦДУ), 1982 - 1998
Беше канцелар 16 години, што е рекорд. Хелмут Кол важеше за истраен политичар и непоколеблив, но без голем порив за реформи. Нему му се припишува голема историска заслуга: обединувањето на двете Германии и обновата на источна Германија. Но, тој не е само канцелар на обединувањето. Кол се залагаше и за заеднички раст на Европа.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Герхард Шредер (СПД), 1998 - 2005
По четири канцеларски мандати на Кол, на чело на владата дојде Герхард Шредер. Тој стана прв канцелар на црвено-зелена влада. Во текот на неговиот мандат Бундесверот за првпат учествуваше во странска воена интервенција на НАТО. Неговата Агенда 2010 беше голем испит за партијата. Многу луѓе протестираа низ земјата поради кратењето на социјалните давачки.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ангела Меркел (ЦДУ), од 2005
Во 2005 година, Меркел стана првата жена канцелар на Германија. Во изминатите 12 години со успех ги пребродуваше сите големи домашни, европски и светски кризи. Владее прагматично. После нуклеарната хаварија во Фукушима, експресно ја смени домашната енергетска политика. Пред изборите во септември 2017, одеднаш одлучи да поддржи склучување на истополни бракови.
Фотографија: picture-alliance/dpa
8 фотографии1 | 8
„Европеец“ и „неиспишан лист“
Лашет има повеќе искуство во надворешната, а особено во европската политика. Пораснат е во Ахен, во близина на тромеѓето на Германија, Белгија и Холандија. И многу рано развил свест за тоа колку е важна прекуграничната соработка. И за време на пандемијата Лашет, како премиер на Северна Рајна Вестфалија, ги бранеше отворените граници. Од 1999 до 2005 година беше пратеник и во Европскиот парламент, каде се занимавал со надворешна и безбедносна политика. И секогаш се залагал за повеќе храброст во европските интеграции.
Маркус Зедер нема такво искуство. Професор Фарвик за него вели дека по прашањето за европската политика е „сѐ уште неиспишан лист хартија“. Торстен Бенер, шеф на берлинскиот Институт за глобална јавна политика, оди и подалеку. Зедер „има малку или нема никаква емоционална врска со европскиот проект и нема да има задршки од опортунистички агитации против Брисел, ако тоа му изгледа политички корисно“, вели Бенер.
Трансатлантската ренесанса нема да биде бесплатна
Она што е заеднико за двајцата политичари е тоа што сакаат повеќе да се концентрираат на ЕУ и на Франција, отколку на САД. Ангела Меркел во 2003 година како претседателка на ЦДУ, партија која тогаш беше во опозиција, демонстративно отпатува во Вашингтон и го поддржа Џорџ В. Буш во војната во Ирак, иако големото мнозинство од Германците, вклучувајќи го и сојузниот социјалдемократски канцелар Герхард Шредер одлучно се спротиставуваа на тоа.
Во времето на Трамп трансатланските односи беа тешки. „Америка секогаш за нас била земја на слобода и на демократија“, со жалење потсети Лашет во говорот за време на неговата кандидатура за местото претседател на ЦДУ. Притоа, Лашет мислеше на упадот на симпатизерите на Доналд Трамп во зградата на Капитол во Вашингтон во јануари 2021 година. И Зедер неодамна призна дека за време на мандатот на Трамп неговата љубов кон Америка била на тежок тест. Двајцата сега полагаат големи надежи во новиот американски претседател Џо Бајден. Тој на неодамнешната вирутуелна Минхенска конференција за безбедност им порача на партнерите: „Трансатланскиот сојуз се врати“.
Буш, Обама, Трамп - Бајден е четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел
Ангела Меркел петнаесет години е на чело на Германија. За канцеларката, Доналд Трамп беше трет претседател на САД во нејзиниот мандат. На средбите со него таа често изгледаше напнато. Со Бајден ќе биде похармонично?
Фотографија: Reuters/B. Snyder
Прилично студено
Иран, трговијата, НАТО - во многу теми Меркел и Трамп далеку се разијдуваа. Не само политички, туку и во меѓусебната лична врска се чини владееше тензија. Трамп во една прилика ја нарекол Меркел „глупава“. И на оваа средба на маргините на НАТО-самитот на крајот на 2019 година не се гледа големо пријателство.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Кој е овде шеф?
Меркел и Трамп на самитот на Г7 во Канада во јуни 2018 година. Оваа фотографија предизвика насекаде општи дискусии: се обидува ли Меркел да му го објасни светот? Дали е таа вистинската лидерка на западниот свет? Или овде тој е шефот - како единствен кој седи?
Фотографија: Reuters/Bundesregierung/J. Denzel
Ќе се ракуваме ли?
Канцеларката постави пријателско прашање при нејзината прва посета кај Доналд Трамп во Белата куќа во март 2017 година. Но нејзиниот домаќин не реагираше, демонстративно гледаше на друга страна. Подоцна тврдеше дека не го чул прашањето. Меркел можеби се надева при следната посета во Вашингтон да се сретне со друг претседател.
Фотографија: Reuters/J. Ernst
На крајот се приближија
Канцеларката и Барак Обама изгледаа прилично блиски при неговата последна посета како претседател на САД во Берлин. Во ноември 2016 година - неколку дена по изборот на Доналд Трамп за негов наследник, се чини дека Обама сакаше да и ја предаде на Ангела Меркел одговорноста за западната демократија. Американските медиуми пишуваа дека таа е сега предводник на слободниот свет.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Највисоко признание
Во вечерен фустан, Меркел во јуни 2011 година од претседателот Барак Обама во Белата куќа го прими највисокото цивилно одликување на САД - медал за мир. Признанието таа го доби за својот ангажман во европската политика. Аналитичарите го толкуваа одликувањето и како доказ за добрите германско-американски односи.
Фотографија: picture-alliance/dpa
На гости кај пријатели
На самитот на Г7 во јуни 2015 година во баварските Алпи, се насетуваше речиси пријателско однос меѓу Обама и Меркел. Канцеларката во борбата против промената на климата можеше да се потпре врз американска поддршка. Со доаѓањето на Трамп тоа драстично се промени.
Фотографија: Reuters/M. Kappeler
Дај ми рака, другарче!
Претходникот на Обама, американскиот претседател Џорџ Буш, уште по првата средба беше воодушевен од слободарството на Ангела Меркел, кое тој го објасни со нејзиното минато во Германската Демократска Република. На самитот на Г7 во Санкт Петербург во јули 2006 година тој посегна од зад неа да и го масира вратот, а канцеларката преплашена ги дигна рацете. Гестот на Буш очигледно беше добронамерен.
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Nemenov
Домашна скара
Џорџ Буш во јули 2006 година беше видно задоволен да и стави месо од скара на чинијата на Ангела Меркел. Прасенцето беше печено на ражен во изборниот округ на Ангела Меркел, на брегот во покраината Мекленбург-Предна Померанија. каде го пречека гостинот од САД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/BPA/G. Bergmann
Ќе те одведам во Тексас
Во 2007 година Ангела Меркел го посети Џорџ Буш на неговиот ранч во Крафорд, Тексас. Во теренско возило од американско производство Буш изигруваше шофер за Меркел и нејзиниот сопруг Јоахим Зауер. Уште тогаш почнуваа вриења околу една тема - ситуацијата во врска со Иран, која повторно зовре за време на Трамп.
Фотографија: Matthew Cavanaugh/dpa/picture-alliance
Рака во рака со Бил Клинтон
На комеморацијата за Хелмут Кол во јули 2007 година американскиот екс-претседател Бил Клинтон држеше хумористично-меланхоличен говор за починатиот германски канцелар. „Го сакав“, изјави Клинтон. Кога видно потресен, повторно се врати на седиштето, тој посегна по раката на Ангела Меркел.
Фотографија: picture alliance/dpa/M. Murat
Насмеј се малку!
Ноември 2009 година: Меркел само што одржа говор пред Конгресот во САД во Вашингтон. Додека сеуште траеше аплаузот, тогашниот вице претседател Џо Бајден ја забавуваше Меркел со досетки. Со Бајден како претседател, се надеваат некои, можно е германско-американското пријателство повторно да заживее. Барем на политичко рамниште разбирањето со него за Меркел би било полесно отколку со Трамп
Фотографија: Reynolds/dpa/picture alliance
11 фотографии1 | 11
Но, приближувањето на Бајден кон Европа не е безусловно. Тој, на пример, како и неговиот претходник, бараше партнерите да ги зголемат своите трошоци за одбрана и да преземат поголема одговорност во безбедносната политика. Зедер со тоа начелно се согласува, но нагласува: „Ние не сме деца - ние сме партнери, а не вазали или подредени.“ Тоа го изјави Зедер пред неколку дена за агенцијата Асошиејтет прес. И Лашет ја поддржува целта на НАТО дека членките треба да издвојуваат 2 отсто од својот БДП за одбрана, од што Германија е се' уште далеку.
Зедер: Баланс помеѓу интересите и вредностите
Пречка за ренесансата на трансатлантската соработка е германската политика кон Кина и Русија. Се чини дека Бајден, како и Трамп претходно, смета дека Берлин е премногу попустлив кон владите на тие две земји поради трговски интереси.
Во тој поглед, сигурно ништо нема да се промени дури и ако Лашет или Зедер станат канцелар. Вистина, Лашет неодамна зборуваше за „конкуренцијата на системите“ меѓу Западот и Кина, но во исто време не сакаше да ја исклучи можноста кинескиот концерн Хуавеи да учествува во изградбата на мобилната мрежа 5Г, на што Вашингтон гледа многу критички. И Зедер во врска со Кина, во интервју за јавниот сервис ЗДФ, минатото лето рече: „Ми се чини, најголемиот предизвик на германската надворешна политика во следните години ќе биде изнаоѓање на вистинска рамнотежа помеѓу интересите и вредностите.“ Тоа не е цврстината што ја очекува Вашингтон.
Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката
Која е Ангела Меркел? Новинарот на Ројтерс, Андреас Ринке ја анализира германската канеларка во својот „Лексикон“. Тој го следи нејзиниот живот со цел да прикаже појасна слика за една од најмоќните жени во Европа.
Фотографија: dapd
„Триаголникот на моќта“
Меркел стана препознатлива по користењето на истата гестикулација пред камерите и при нејзините јавни настапи. Начинот на кој канцеларката ги спојува прстите на дланките некои го нарекоа „Меркелин ромб“, а други „триаголник на моќта“. Дали тоа го прави свесно или е само рутинска гестикулација од навика, е прашање што ги збунува современите критичари и новинари. Што таа сака да каже со тоа?
Германската канцеларка на европскиот политички паркет е позната по својот суверен, ангажиран и навидум опуштен изглед. Иако понекогаш знае да се насмее во вистинското време, на последниот европски лидерски самит во Братислава, таа беше повеќе воздржана. Од нејзината лева страна е данскиот премиер Ларс Локе, а од десната страна премиерот на Белгија, Шарл Мишел.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Hoslet
Селфи со канцеларката
Меркел се најде во центарот на вниманието со нејзиниот одговор на бегалската криза. На дилемите околу тоа може да се одговори доколку предвид се земат елементи од нејзиниот личен живот, како што тоа го прави Ринке во својата книга. Таа често посетува училишта и прифатни центри за бегалци, а притоа одвојува време и за селфи, како овде, во 2015 година, со сирискиот барател на азил Анас Модамани.
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Жонглер во коалицијата
Како канцеларка и претседателка на ЦДУ, Меркел понекогаш се соочува со потешкотии да остане обѕирна кон сите нејзини „деловни“ партнери. Таа не реагира чувствително како што тоа го прави нејзиниот коалиционен партнер Зигмар Габриел од СПД. На нападите од лидерот на баварската ЦСУ, Хорст Зехофер кој е „архетипичен баварец“, таа одговара со студена објективност.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. von Jutrczenka
Љубопитност за дигиталната ера
За школуваниот физичар Ангела Меркел се вели дека светот на интернетот и дигиталните медиуми ѝ е релативно непознат, иако нејзиниот тим сега има Инстаграм профил, кој го одржува нејзиниот официјален фотограф. Сепак, тоа не ја сопре да го зграби вниманието на основачот на Фејсбук Марк Закерберг за време на работен ручек во Обединетите нации во 2015 година.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ќерка на свештеник
Како ќерка на протестантски свештеник, вредностите на Меркел, според Ринке, биле обликувани согласно нејзиното христијанско воспитување. Во 2016 година, таа имаше приватна средба со папата Франциско во Ватикан. За време на средбата тие разговарале за нивните омилени книги.
Фотографија: Reuters/A. Pizzoli
Здравица за пријателски политички релации
Меркел не е позната по тоа дека често се опушта. Сепак, иако ретко поради нејзините работни обврски, прославите на кои учествува таа се организирани со стил. Во 2013 година, во чест на 50-годишнината од склучувањето на Елисејскиот договор меѓу Германија и Франција, Меркел го покани целиот парламент да наздрават со шампањ за пријателските односи помеѓу двете земји.
Фотографија: AP
Моменти на приватност
Канцеларката добива малку слободни моменти за одмор, а и кога е на одмор, како што е прикажано на сликата (во Полска), таа не може да им избега на љубопитните очи на јавноста. Нејзиниот сопруг Јоахим Зауер (на фотографијата прв од лево) ретко е во центарот на вниманието.
Фотографија: dapd
8 фотографии1 | 8
Самостојна политика кон Русија
Што се однесува до Русија, и Лашет и Зедер се против прекин на изградбата на гасоводот Северен тек 2, што го бара Вашингтон. Лашет исто така сака атентатот врз рускиот опозициски политичар Алексеј Навални - што тој најостро го осудува - да биде јасно одделен од прашањето за трговијата со гас. А Зедер, со посетата на Москва пред една година, ја продолжи традицијата на баварските премиери да водат сопствена баварско-руска трговска политика, која не е оптоварена со разликите во политичките мислења.
Настап на меѓународната сцена
Политичките аналитичари не очекуваат многу поинаква надворешна политика од онаа која ја водеше Ангела Меркел, без разлика на тоа дали нов канцелар ќе биде Лашет или Зедер. Напротив, Торстен Бенер и кај двајцата гледа склоност да ја продолжат досегашната политика, при што, смета, ќе наидат на препреки. „Од една страна, затоа што курсот на Ангела Меркел не може само така да продолжи, поради противречности. А од друга страна, затоа што можниот коалициски партнер, особено ако тоа бидат Зелените, ќе инсистира на промена на курсот на надворешната политика. Тука пред сѐ мислам на политиката кон Кина, бидејќи еднодимензионалната автомобилска надворешна политика на канцеларката ѝ нанесе на Германија огромна штета“, вели Бенер.
Ангела Меркел, незаменливата
По 16 години поминати како претседател на политичката партија ЦДУ и единаесет години на чело на германската влада, се чини дека ерата на Меркел може да има уште едно продолжение.
Фотографија: Reuters/M. Rehle
Првата заклетва
„Сакам да и служам на Германија“ беше ветувањето на Меркел за време на кампањата за канцелар на земјата. По тесната победа, на 22 ноември 2005 година Меркел даде заклетва и стана првата жена канцелар, но и првиот шеф на влада кој доаѓа од Источна Германија. Таа застана на чело на широка коалиција составена од ЦДУ и СПД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Bergmann
Кој се плаши од кутрето на Путин?
На дипломатскиот фронт, Меркел мораше да се соочи со моќен противник. Таа е позната поради својата сталоженост и смиреност. Но, Владимир Путин очигледно сакаше да го стави на тест нејзиното трпение за време на приемот во 2007 година. Тој набрзо ја најде нејзината слабост: Меркел се плаши од кучиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Astakhov
Фонд за црни денови
Меркел вообичаено е смирена што и помогна за време на кризите. Колабирањето на финансиските пазари во 2008 година предизвика проблеми за германската економија. Поради тоа, Меркел презеде акција. Таа беше инволвирана во планирањето на фондовите за спас на еврозоната. На крајот, германската економија се извлече речиси без последици, но мерките за штедење најмногу ги почувствуваа Грците и Шпанците.
Фотографија: picture-alliance/epa/H. Villalobos
Втор мандат
Иако резултатот на ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во 2009 година беше вториот најслаб резултат за партијата во повоениот период, тоа сепак беше победа за Меркел. По широката коалиција со социјалдемократите во претходниот мандат, овој пат Меркел можеше да состави влада со посакуваниот партнер - про бизнис либералите од ФПД.
Фотографија: Getty Images/A. Rentz
Брзо исклучување
Иако по професија е физичар, инцидентот во Фукушима во 2011 година ја претвори Меркел од поддржувач - во силен противник на нуклеарната енергија. Веќе одобрените планови за продолжување на работниот век на германските нуклеарни централи беа откажани и спротивно на нејзините предизборни заложби, Германија наскоро го сопре производството на нуклеарна енергија.
Фотографија: Getty Images/G. Bergmann
„Првиот маж“ на Германија
Дали некој го препознава? Го чул неговиот глас? За време на десетгодишното владеење на Меркел, нејзиниот сопруг Јоахим Зауер, остана незабележан. Професорот по хемија на универзитот Хумболдт во Берлин стапи во брак со Меркел во 1998 година. Тој секогаш останува во позадината кога неговата сопруга е во официјални посети, но во нивниот приватен живот се чини дека е обратно.
Фотографија: picture alliance/Infophoto
Пријателство ставено на тест
Објавувањето на информациите дека блискиот сојузник САД ги пресретнува телефонските разговори на врвните германски политичари отвори голема афера пред меѓународната јавност. Ниту мобилниот телефон на Меркел не бил безбеден од тајните служби на САД. Аферата предизвика проблеми во домашната и меѓународната политика на Меркел.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Грчкиот пациент
Меркел има обожаватели низ целиот свет, но во Грција нивниот број е значително помал. На ниту едно друго место во светот Меркел не била толку демонизирана како што беше во Грција за време на должничката криза во еврозоната. Старите анимозитети беа повторно нагласени по барањата на канцеларката за штедење, економски реформи и кратење на трошењата од властите во Атина.
Фотографија: picture-alliance/epa/S. Pantzartzi
Емотивна, барем еднаш
Иако е воздржана и позната по минималните гестови и изрази на лицето, Меркел не можеше да се воздржи за време на финалето на Светското првенство во фудбал во Рио кога заедно со германскиот претседател го бодреа националниот тим. Во тој период Меркел беше на врвот на својата популарност, исто како и германската репрезентација, со која заедно влијаеа на градењето на меѓународниот имиџ на Германија.
Фотографија: imago/Action Pictures
Ние можеме да го направиме тоа, зарем не?
Кога стотици илјади бегалци пристигнаа во Германија канцеларката изјави дека законот за азил нема лимит. „Ние можеме да го направиме тоа!“ беше мотото на Меркел за време на бегалската криза. Таа тврдеше дека има план. Но, во меѓувреме многумина Германци се прашуваат дали навистина „можеме да го направиме тоа?“
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe
Што е следно?
По терористичките напади во Париз на 13 ноември минатата година Франција објави вонредна состојба. Ангела Меркел на соседите им понуди „целосна поддршка“. Сепак, стравот од тероризам беше сеприсутен. Без сомнеж, Меркел беше соочена со најголемиот предизвик во нејзиното владеење токму на десетгодишнината од нејзиното стапување на функцијата...
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka
Критични сојузници
На партискиот конгрес на ЦСУ во ноември 2015 година канцеларката беше критикувана од баварските сојузници. Хорст Зехофер ја обвини Меркел дека загубила контрола над границите со нејзината политика кон бегалците. Тоа беше понижување кое мораше да го истрпи стоејќи без можност да возврати на обвинувањата.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Hoppe
Зарем не може да остане подолго?
Меркел би сакала трет мандат за Барак Обама, иако скандалот со прислушувањето од страна на НСА беше причина за резервираност од нејзина страна. Сепак, Обама ја напушта политичката сцена и му го отстапува местото на Доналд Трамп. Весникот „Њујорк Тајмс“ ја нарече Меркел „последниот чувар на либералниот Запад“.
Фотографија: Reuters/F. Bensch
13 фотографии1 | 13
„Двајцата се политички професионалци кои досега немале надворешнополитички тежишта (...) Но, двајцата сигурно ќе откријат колку надворешната политика е важна задача за канцеларот. Лашет има повеќе надворешнополитичко искуство од Зедер, но двајцата се добро вмрежени на меѓународната сцена и двајцата се еднакво способни да настапуваат на таа сцена“, заклучува на крајот Фарвик.