1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел најавува континуитет во програмата на ЦДУ

Cutanoski, Goran3 декември 2007

Владеачката Христијанско демократска Унија на денешниот Конгрес во Хановер има намера да донесе нова партиска програма. Ова е прва промена на политичката платформа на ЦДУ во последниве 14 години.

Канцеларката Меркел со генералниот секретар на ЦДУ Пофала во посета на конгресната сала во ХановерФотографија: AP

Клучни теми во програмата се сликата за човекот, концептот на семејството, трудовата политика и внатрешната безбедност на земјата.

Христијанските демократи се партија на центарот, порача синоќа спроти денешниот Конгрес, претседателката на партијата и актуелен канцелар Ангела Меркел:

„Уште од основањето ние сме партија на центарот и тоа ќе го потврдиме уште еднаш со нашата трета партиска програма. Тоа значи дека во неа го определуваме нашиот став, но нагласувам дека тоа е истиот што од секогаш го застапувала христијанско демократската Унија.„ Во изјавата спроти конгресот Меркел упати критика до помалиот коалиционен партнер социјалдемократската партија. „Ние сме секако различни партии и затоа е природно што СПД на нејзиниот конгрес неодамна донесе повеќе заклучоци, кои ние ги доживуваме како свртување од курсот на Агендата 2010. Ние пак имаме намера да го продолжиме тој курс и тоа јасно ќе го ставам на знаење на конгресот„ – порача за Првата програма на германската ТВ, претседателот на ЦДУ, Ангела Меркел.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми