1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Ништо нема да нѐ запре во заштитата на климата

ЕМФ /агенции
2 јуни 2017

Во куса изјава по одлуката на САД да се откажат од меѓународниот договор за заштита на климата, германската канцеларка Меркел од светот побара заеднички да се бори за „Мајката Земја“.

Angela Merkel PK Klimaabkommen
Фотографија: Reuters/F.Bensch

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин изјави дека „многу жали“ поради одлуката на САД да се откажат од Парискиот договор за климата. Договорот е исклучително важен за постигнување на климатските цели до 2030 година, нагласи Меркел и побара од сите да го завртат погледот нанапред: „Ние во Германија, Европа и светот, порешително од кога и да е, ќе ги обединиме сите сили за да справиме успешно со големите предизвици за човештвото, како што е промената на климата“, рече Меркел во Берлин. Таа потенцираше дека со борбата против глобалното затоплување се обезбедува благосостојба и се подобруваат шансите во светот. 

Во врска со земјите кои најочигледно страдаат поради промените на климата, Меркел порача: „Ние ќе ги спроведеме нашите обврски од договорот и во поглед на финансирањето на најсиромашните и најранливите земји на светот, поради тоа што тие земји не можат да излезат на крај со предизвиците со кои се соочени.“

Германската канцеларка денеска им се обрати на сите на кои им е важна судбината и иднината на Земјата и рече: „Да го изодиме патот заедно, за да бидеме успешни во интерес на Мајката Земја“.

Погледнете ја пораката на Ангела Меркел:

Порака на Меркел до оние кои се грижат за иднината на планетата

00:15

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми